
Марк Закерберг изјави за Stratechery дека вештачката интелигенција веќе го подобрила таргетирањето на рекламите на Фејсбук, но најави и револуционерен план да го елиминира целиот систем за огласување, од креативноста па сè до пласманот на содржините.
Во основа бизнисите доаѓаат кај нас и објаснуваат која е нивната порака, нивното видео или имиџ. Тоа е прилично тешко да се произведе. Можеме да им го направиме сето тоа. Секогаш ќе можат да предложат нешто креативно, но ќе дојдеме до момент кога бизнис ќе дојде кај нас, ќе ни ја каже целта и ќе се поврзе со банкарската сметка. Не ви треба креативност, не ви треба метрика, демографско таргетирање, само да ги прочитате резултатите што ќе ви ги дадеме. Мислам дека тоа ќе биде огромно, мислам дека е редефинирање на рекламирањето, изјави Закерберг.
Неговата визија практично е клиент да дојде во Мета и да каже: „Сакам клиенти за мојот производ“. Вештачката интелигенција на Мета прави сè друго. Генерира фотографии и видеа, пишува слогани, ги комбинира во бесконечен број реклами, ги таргетира кон корисниците на нејзините платформи, мери кои реклами најдобро функционираат и ги зајакнува, а потоа им овозможува на корисниците да ги купат производите преку платформата.
Тоа потврдува дека токму поради рекламирањето, кое им е главниот извор на профитот, ги тера големите компании со дигитални платформи да развиваат сопствени модели со вештачка интелигенција.
Искусни агенти од рекламната индустрија не се убедени дека системот што го кажува Закерберг може добро да функционира. Сите големи брендови и рекламни агенции имаат сопствени сложени системи за ревизија на резултатите што ги добиваат од платформите, особено по низата случаи со измами во метриката.
Застрашувачки концепт е да им се дозволи да создаваат и да го оптимизираат креативното. Ниту еден клиент нема да му верува на ветените резултати, вели за Верџ директор на рекламна агенција.
Мета, од друга страна, заработува многу пари продавајќи реклами на мали бизниси кои не можат да си дозволат големи агенции и фенси медиумски кампањи. Тие веројатно ќе бидат оние што ќе ја тестираат визијата на Закерберг. Но, јасно е дека економијата на платформата сеизмички ќе се промени.