
Јапонските автопати наплаќаат патарини со прилично елегантен систем. Наместо да се застанува на куќарка, па барај ситно, па чекај кусур, само подзапираш, системот ти го чита сигналот од електронската картичка (нешто како М-ТАГ, само не со фиксна цена) и ти отвора рампа за подоцна, кога ќе излегуваш од автопатот, повторно да прочита и да ти наплати за онаа километража која си ја извозел.
Така функционира регуларно. Но, меѓу 8-ми и 9-ти април системот им рикнал, картичките не можеле да бидат прочитани на 106 наплатни пункта па рампите не се дигале. Операторот решил да ги дигне сите рампи и колите да минуваат додека не ја оправат грешката.
13,5 часа траело тоа.
Тука настапува Јапонецот. И операторот и луѓето.
Операторот соопштил дека иако рампите биле подигнати заради дефектот, оние кои минале сепак треба да платат пошто возеле по автопат.
Кај нас тоа мазно би се игнорирало. „Оди па најди ме“.
Таму, 24.000 возачи се пријавиле за да платат.
Тоа.