Украински војници собираат поени со секое убиство

Додека се прават очајнички дипломатски напори како да запре тригодишното крвопролевање на фронтот, украинските власти создадоа систем сличен на видео-игра за да ги поттикне војниците да убиваат повеќе руски трупи. Секој убиен војник или и уништен тенк носи поени, со кои потоа може да се купи уште повеќе оружје за уште повеќе убиства. Човечкиот живот вреди 6 поени.

Украинската воена програма „Бонус армија на дронови“ ги наградува управувачите со беспилотни летала за секое уништување непријателски цели, луѓе или опрема, за да се создаде натпревар меѓу единиците која ќе убие повеќе војници. 

Поените зависат од типот на целта - 40 за уништен руски тенк, 20 за оштетен или до 50 поени за мобилен ракетен систем, во зависност од калибарот. Животот на руски војник е 6 поени. На платформата „Brave 1“ со собраните поени ќе може да се купи повеќе оружје.

Беспилотното летало „Баба Јага“, на пример, чини 43 поени, или повеќе од седум убиени војници. Реалната цена ќе ја плати украинската влада и ќе го достави нарачаното оружје до единицата на фронтот во рок од една недела. 

Во каталогот на пазарот има повеќе од 1.000 разни типови оружје, делови и опрема, главно беспилотни летала и системи за електронско војување.

Вицепремиерот Михаило Федоров, кој воедно е и министер за дигитална трансформација на Украина, изјави дека шемата ќе овозможи да се заобиколат бирократски процедури, да се достави оружје до најефикасните единици и да се зголеми конкурентноста.

Елитната единица за војување со дронови „Птиците на Маѓар“ веќе собрала  16.298 поени, доволно за да купи 500 дронови со камера, 500 за ноќни операции, 100 „Баба Јаги“ и 40 за извидување.

Почнаа да убиваат толку брзо што Украина нема доволно време да испорача нови беспилотни летала, изјави Федоров.

Тој додаде дека бројот на убиени руски војници двојно се зголемил откако „вредноста“ за секој убиен војник била зголемена од 2 на 6 поени. 

30 април 2025 - 11:35