Чедомир Антиќ: Блокадерски програм

Постои надеж дека ова „бунтовништво на средната класа на тинејџерски хормони“, конечно ќе престане да се восхитува на својата големина и бројност и ќе влезе во политиката, пишува универзитетскиот професор по историја Чедомир Антиќ, некогашен водач на студентските протести против Милошевиќ и ја рецензира програмата која српските блокадерите неодамна ја извадија. Општи места, јалов анархизам, незнаење, Црвени Кмери....

Конечно добивме блокадерска политичка програма. Разбравме дека оние што прифатија тоталитарна анархистичка идеологија и, уште поважно, таква методологија на политичка борба, сепак ја прифаќаат уставноста и законитоста. Размислуваат да излезат на избори и да имаат некаков вид политичка програма. 

Затоа, постои надеж дека овој необичен бунт на државните факултети, како што луцидно забележа Александар Дивовиќ, бунтовништво на средната класа на тинејџерски хормони, конечно ќе престане да се восхитува на својата големина и бројност и ќе влезе во политиката.

Незаконските и неуставни институции наречени „пленуми“ минатата недела ја усвоија „Директивата 134-25.0“ со скромен поднаслов „Како победивме“. Тоа е програма напишана со празен, здодевен, бирократски речник кој содржи околу шеснаесет страници текст или околу 5.000 зборови.

Станува збор за упатство, опишано во шест поглавја, за тоа како да се води блокадната организација во услови на изборна кампања и повеќепартиски избори. Само во 5-то поглавје, во 17 точки, е изложена своевидна политичка програма. Во неа, националните интереси се дефинирани под точка 16. За жал, не е понудено ништо ново.

Супериорниот маркетиншки менаџмент на целосното замајување на средната класа и сведување на универзитетот на анарходистопија - каде што студентите можат само да јадат и пијат бесплатно, да свиркаат, да поддржуваат и да пазат некој да не ги извбрука на социјалните медиуми - и совршеното наоѓање на слабите точки на власта, не беше надграден со програма со нови идеи и концепти.

Напротив, неплоден анархизам од времето на Втората интернационала кој се приближува до инвентивноста на комунистите соочени со неуспехот на Светската револуција и потребата, на почетокот на дваесеттите години од 20 век, да влезат во некаков вид парламентарен политички систем, колку и да е тој презрен и фаличен.

Интересно е настојувањето државните универзитети да се претворат во политичка партија, а пленумите да се задржат, и покрај јасните закони за политичка организација. Сепак, идејата дека тие потпишуваат изјава „под кривична и материјална одговорност“ дека нема да ја напуштат организацијата на чија листа се избрани не е ништо ново во нашата пракса; од КПЈ до Г17 плус имаше и поинтересни и поефикасни начини за решавање на прашањето за лојалност на избраните. Секако, постои и „организацијата“ што чудно сјае од страниците на Директивата - исто како што „Ангкар“ или „Организацијата“ сјаеше за младите Црвени Кмери во Демократска Кампучија. 

Само партија од типот на „Ангкара“ можеше да го организира и води ЕДИНСТВЕНИОТ новитет што го предлагаат блокадерите - посебно судство, полиција и затвори за функционерите!

Занимливо е што нивната листа треба да биде составена од „докажани професионални“ кандидати. Како да се најдат такви меѓу средношколци (студенти се некои кои имаат завршено само средно образование - н.з.), тоа го знаат само бокадерите кои се поистоветија со универзитетите и професорите.

Блокадерските идеолози уште помалку се досетливи кога станува збор за политичка програма. Таа петта глава вреска од неискуство и општи места. „Јавни претпријатија во сопственост на праведна држава“. Како новата влада, наместо сегашната „неповратно потресена“, ќе го реши прашањето за документацијата за паднатата настрешница, кога сите овие месеци, блокадерите не помислија за тоа да ја прашаат надлежната компанија „Инфраструктура на железници на Србија“ на чие чело е проректорот Небојша Ј. Бојовиќ?

Како ќе ја зголемат рентатата за копање руда кога од 2000 година, сите власти ја прифатија вакваа ниска?

Дали блокадерите- кои мислат дека библиското ропство започнало во 2012 година - се прашуваат дали за некои прашања, исто како за нивната логистика (пицички, водички, нутелички...) и надзорот на реконструкцијата на настрешницата , одлучуваат странци - саканите туѓинци од Европската Унија? Тие тука немаат само невладин сектор вреден милијарда евра годишни буџети, туку и други инвестиции и свои здруженија кои имаат клучно влијание врз сите наши влади после 2000 година. Дали и како ќе се борат и против нив?

Има тука и куп општи точки за образованието, културата, медиумите... Многу аланфордовски мудрости од типот: треба да бидат квалитетни, подобро финансирани, потранспарентни.... Се чини дека блокадерите немаат апсолутно никакво знаење за овие прашања, да речеме како да дојдат до средства за „стандардите на развиените земји“, за кои се чини дека не знаат ништо повеќе од она што самите „го виделе“ на социјалните медиуми.

Велат дека на полето на економијата, нивен приоритет е борбата против корупцијата... Во Британија би рекле: „Значи, за време на вашиот мандат, ништо од економијата“. 

Незнаењето на блокадерските идеолози најдобро се гледа на примерот со земјоделството. Само во однос на 2020 година, приносите на пченка, пченица, јаболка и соја се зголемија од 3 до 10 проценти. Земјоделството го зголеми обемот на производство за 50 проценти од 2000 година - сето тоа додека просечниот земјоделец старее, а населението се намалува! Од 2000 до 2010 година, извозот е зголемен за 300 проценти, а од 2010 година до денес, повторно се зголеми за трипати! Па сепак, блокадерите ќа напишат: „Повеќегодишното занемарување на земјоделството доведе до бројни негативни последици. Потребно е да се изготви долгорочна стратегија за развој и да се подобрат регулативите со цел...“

Тешко е да се чита тој список на добри желби за департизација и доведување стручни. Не кажуваат како и од каде, но знаеме дека стручни и независни се оние кои ја открија светлината на блокадите и пленумите уште кога имаше само грст правоверни... Бидејќи пленумите, како што напиша една блокадерка, е „почеток и крај“... и секако дека меритократската, исто како и демократската држава, одамна ја имаат в џеб. Само прашање е во чиј џеб се пленумите.

Лицемерието е особено видливо во делот посветен на одбраната на суверенитетот над Косово и Метохија и односот со Република Српска. Тие го бранат суверенитетот, но не само од Приштина, туку и од Владата на Србија, тие не ја штитат Српска, туку „посебните врски со неа“, ја почитуваат воената неутралност, а приоритет се добрососедските односи, но „без да се откажеме од легитимната заштита на интересите на Србија и српскиот народ што живее во регионот“. Сепак, на крајот од оваа копија од говорите на Тадиќ од 2005 година, има злокобна забелешка: „Секоја фундаментална промена во кој било од принципите на надворешната политика може да се случи само по следните слободни избори, откако ќе биде изразена волјата на граѓаните“. Бидејќи поединецот е ништо, а пленумот е сè, кога ќе ја добијат поддршката од граѓаните, повторно ќе наметнуваат политика каква што сакаат, нетранспарентно, недемократски и со насилство.

Морам да ги разочарам блокадерите. Сето ова веќе се има случено. И победи и нови луѓе. 

„Ние само победивме!“ извика од говорница вечно незадоволниот Душан Поповиќ, студент на ФДУ. Потребни беа само уште три години упорна партиска борба за да се искористат придобивките од 1996/1997 година, но нему му требаше да биде победник, макар после тоа исчезнал од нашата политичка јавност. „Оставете ги победниците да работат!“ извика Владимир Павлов, студент и еден од водачите на „Отпор“ во 2001 година. Потоа отиде во Канада да биде дипломат.

Блокадерите сè уште се кријат во групата, дури и не се залагаат за демократија... Што па од нив можеме да очекуваме?

Чедомир Антиќ

1 мај 2025 - 11:08