Ахмед ал-Шара во септември стана првиот претседател на Сирија по повеќе од половина век што присуствувал на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Во понеделникот тој беше примен од американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
Оваа чест никогаш не му била укажана на диктаторите Хафез ал-Асад и неговиот син Башар за време на нивното 54-годишно заедничко владеење, поточно на ниту еден претседател на Сирија од нејзината независност од 1946 година.
Ракувањето со Трамп во Овалната соба ја потврди трансформацијата на Шара од терорист во како државник. Шара, некогаш познат како Абу Мохамед ал-Џулани, се борел против американските трупи во Ирак од 2003 година. Поминал пет години во американски логор за воени заробеници. Во сириската граѓанска војна тој предводел џихадистичка група што прво била сојузник со Исламска држава, а потоа со терористичката мрежа Ал Каеда. Американската влада распиша награда од 10 милиони долари за неговата глава.
Трансформацијата на Ал Џулани во Ал Шара почна во Идлиб во северна Сирија. Иако терорист, тој соработувал со американските разузнавачки агенции во борбата против ИСИС. Неговата милиција лани го собори од власт Башар ал Асад. Новото раководство, кое официјално има привремен карактер, вети еднаквост за сите религиозни заедници, но тоа не ги спречи масакрите врз алевитските цивили во март и врз Друзите во Сувајда во јули.
Упорноста со која Трамп се залага за признавање на владеењето на Шара останува зачудувачка. Наградата за неговата глава веќе беше укината од администрацијата на Бајден во декември 2024 година. Но, Трамп прво се сретна со Шара во Саудиска Арабија во мај, а потоа повторно во септември на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Во јуни, американскиот претседател укина дел од санкциите против Сирија, воведени пред децении.
Шараа е цврст човек во тешко опкружение. Ми се допаѓа. Се сложувам со него. Тие ќе направат сè за да ја направат Сирија успешна, изјави Трамп пред историската средба.
Сирија нема нафта ниту големи богатства, па Шара им го понуди на САД единственото што можеше – соработка во борбата против тероризмот. ИСИС не контролира ниту една територија по 2019 година и се верува дека има мали ќелии во градовите низ Сирија кои би можеле да бидат разбиени од полицијата, а не од воен сојуз. Сето тоа отвора прашања зошто Трамп е толку упорен во желбата да му помогне на поранешниот терористички лидер да остане на власт во Сирија.
Фактот дека новите власти во Дамаск се помалку демократски отколку што се надеваа многу Сиријци не ги загрижува земјите од Персискиот Залив. Напротив. Шара има поддршка од Саудиска Арабија и од други американски партнери од Персискиот Залив со кои Трамп и неговиот специјален пратеник Стив Виткоф одржуваат тесни политички и финансиски врски. За нив, враќањето на власта кај сунитите во Дамаск би го ограничило влијанието на Иран во регионот. Една од целите е да запре и шверцот на дрогата каптагон во регионот, за што е потребна релативно стабилна сириска држава.
Според извештај на Ројтерс, Вашингтон планира да воспостави американска воена база на аеродром во близина на Дамаск. Американски авиони наводно веќе слетале во базата за да ја тестираат пистата. Цел на базата би била да се одврати Израел од произволни бомбардирања на Дамаск.
Ова би ја направило Сирија единствената земја на чија територија свои воени бази имаат и Русија и САД. Москва, која го згрижи Асад по неговото соборување, постигна договор со новите власти да ги задржи своите бази на северозападот. САД веќе цела деценија имаа мал воен контингент во источна Сирија, кој им помагаше на курдските бунтовници во борбата против ИСИС.
Syrian President Ahmed al-Sharaa playing basketball with U.S. officials, including CENTCOM Commander Adm. Brad Cooper.
— Nagi N. Najjar (@NagiNajjar) November 8, 2025
The best thing the US has done so far is engaging with a fellow like Al Sharaa and win him on the US side, fellow is capable and loyal unlike the others… pic.twitter.com/XdOlUkH5yy
******
Види и: Запознајте го новиот сојузник
Новата зора на Сирија е веќе кошмар