
Македонски претприемачи од Велес заработиле милиони преку измами со продажба на лажни сувенири со ликот или потписот на Доналд Трамп, пишува Српската национална новинска мрежа (SNNW), која спровела своја истрага реагирајќи на анонимно писмо.
Пленот бил милионски. Само од продажба на некоја AMF System Card ќариле над 4 милиони долари за само неколку месеци, а имаат уште дузина производи.
Велес се прочу низ светот за време на изборите во САД во 2016 година, кога група тинејџери штанцаа лажни вести и од нив одлично заработуваа од социјалните мрежи и платформи. Таа приказна берше толку фантастична што Хилари Клинтон и демократите беа убедени дека изгубиле од Трамп заради велешаните.
Сега преку сајтови нуделе лажни монети, плочки, значки и други меморабилии за илјадници долари, со ветување дека „злато ќе вредат“ откако Трамп повторно ќе стане претстедател
Оние што се пожалиле дека не го добиле тоа што го нарачале, биле уверувани дека „се е во ред“, но дека им фали „само уште картичка“, „регистрација“ или други ситници, за кои морале да фрлат уште многу пари.
Американка претставена како Беверли, раскажала за SNNW дека инвестирала околу 10.000 долари во монети на Трамп, за кои ѝ било ветено дека ќе вредат 100.000 долари по изборите. По неколку недели монетите пристигнале, но не можела да ги наплати без „картички Трамп“, за кои платила уште 7.000 долари. Картичките не пристигнале, а агентот ја блокирал. Друг агент ѝ рекол да плати уште 5.000 долари за „сертификат од Организацијата Трамп“. Ни тој не стигнал.
Секој агент што го контактирав постојано бараше повеќе пари за да ги подигнат моите парички. Потрошив околу 22.000 долари надевајќи се дека ќе земам нешто. Сега ми бараат да платам уште 5.000 долари за некои „Либерти картички“, раскажала жената.
Најважен канал за привлекување муштерии бил Телеграм, а сувенирите ги нуделе преку Digistore24 и ClickBank, кои прифаќале производи од TRB (банкарски систем со попуст на Трамп).
По бројните вести за измами во 2023 година сите производи поврзани со Доналд Трамп и системот TRB беа отстранети од платформите. Кон крајот на 2023 година измамниците се префрлиле на платформата „Копекарт“ со седиште во Германија, која дозволувала продажба на сертификати, билети, монети, значки, налепници и картички со чипови со цена и до 10.000 долари - со потписи и слики од Доналд Трамп за да изгледаат автентични.
Измамниците ги конвертирале нарачките во готовина преку апликацијата Payoneer, без да платат ниту еден долар данок во Македонија.
И во 2025 година некои производи сè уште се на продажба, рекламирани со лажни слики и видеа. Се нудат и сувенири од ликови како Илон Маск, Такер Карлсон, Доналд Трамп Јуниор или Џеф Безос.
******
За потсетување:
Made in Macedonia: Американци уште губат милиони од велешани