Авиони ќе прскаат кисели дождови за да нè спасат од климатски промени?

Во очајнички обиди да се одржи во живот наративот за итна закана од климатските промени, се нудат и решенија што ќе ја спржат земјата побрзо од какво било глобално затоплување. Инженери предлагаат авиони да прскаат сулфур ниско на небото за да се создаде сенка што би ја оладила планетата. Самите признаваат дека сулфурот брзо ќе падне во форма на убиствени кисели дождови. 

Геоинженерингот упорно се турка како „итно решение“ за проблемите со климата, без сериозно да се обрне внимание на огромната и неповратна штета што може да ја предизвика врз екосистемот, земјоделството и здравјето на луѓето.

Научници од Универзитетите во Лондон и Јеил предлагаат авиони да прскаат сулфур диоксид во стратосферата за да послужи како штит што би ги одбивал сончевите зраци пред да стигнат до Земјата и да ѝ ја зголемат температурата. 

Основа на студијата е техниката за вбризгување аеросоли во стратосферата (САИ). Се бара да се прска 12 милиони метрички тони сулфур диоксид годишно, што е еквивлалентно на волуменот ослободен од ерупцијата на вулканот Монт Пинатубо во 1991 година, која навистина привремено ја олади планетата, но предизвика и силни кисели дождови.

Истражувачите самите признаваат дека нова стратегија би ги зголемила несаканите ефекти, како „изложеноста на луѓе на честички што паѓаат“.

Оваа стратегија на ниска надморска височина бара прскање три пати повеќе аеросоли во споредба со техниките на поголема надморска височина, и така силно ќе ги зголеми несаканите ефекти како што е киселиот дожд, предупредуваат авторите.

Бранејќи ја својата стратегија, тие укажуваат дека би се изгубило премногу скапоцено време додека не бидат развиени специјални авиони способни да прскаат сулфур диоксид на идеалната височина од 65.000 стапки (19,8 километри). Тие ја спуштаат сенката на 42.000 стапки (12,8 километри), во рамките на постоечките можности на модифицираните авиони од типот боинг 777. Исфрлени на помала височина, сулфурните честички би врнеле многу побрзо, што би значело огромно зголемување на количината на отрови во атмосферата.

Студијата може да придонесе за зголемување на бројот на актери со капацитет за вбризгување аеросоли во стратосферата во поскора иднина, наведуваат авторите. Тоа може да значи дека секој модификуван товарен авион би можел да прска по небото без строго надгледување.

Британската компанија АРИА веќе објави дека се подготвува за практични експерименти.

****
За АРИА тука:
Ќе ни го затемнат Сонцето „за наше добро“

2 мај 2025 - 13:53