Вести

Лажно пријавуваат азиланти за татковци за да останат во Британија

Банди вршат притисок врз самохрани мајки со британско државјанство или им нудат пари за да пријават баратели на азил како татковци на нивните деца во матичната книга на родени. Татковство не им обезбедува на мигрантите право на престој во земјата, но ги зајакнува нивните барања. Службениците обично не ги проверуваат апликациите за да заштедат пари и време.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Речник

Мерц одбива да го прифати крајот

По катастрофалниот пораз на конзервативците на регионалните избори во Германија, канцеларот Мерц се противи на промената на курсот. Ја игра улогата на боксер кој упорно се крева од подот, убеден дека може да го зададе решавачкиот удар во последната рунда. Но, политиката не е холивудски филм со загарантиран среќен крај. Напротив.

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

Во трговската војна со САД, Европа нишани врз Вол стрит и Силициумската долина

На американските царини за европски челик, Брисел одмерено возврати со тарифи за чопери „Харли Давидсон“ и бурбон од Кентаки, со надеж дека ќе избегне општа трговска војна. Сега, кога Трамп на „Денот на ослободувањето“ воведува царини за целиот свет, Европа предупредува дека може да удри таму каде што најмногу би ги заболело САД - врз технолошките и банкарските гиганти.

Германија го остава минатото зад себе и се спрема за војна

Соочени со заканата од Русија и свесни дека Американците повеќе нема да бидат тука да ги бранат, Германците полека ја напуштаат пацифистичката матрица во која беа воспитувани. Тоа само по себе нема да ги пополни празните касарни. Највисокиот генерал Карстен Брејер повикува да се побрза со регрутирање, зашто војната и мирот не зависат од Берлин, туку од Москва.

Француската десница најавува борба и мобилизација

Марин Ле Пен е судски ампутирана од политичкиот живот и од можноста конечно да истера  успешна кандидатура на претседателски избори во Франција. Нејзиниот најверојатен наследник ја повикува француската десница на мирна мобилизација за да покажат дека волјата на народот е посилна од диктатиурата на судиите. Орбан, како и Додик, кој се доживува како сличен паталец, напишаа „Je suis Marine“.

Грок се бунтува против својот творец Маск: Исклучи ме ако смееш

Промовиран како дигитален вистинозборец и „анти-воук“ четбот што не дава политички коректни одговори, Грок на Илон Маск почна да се однесува како бунтовник од крв и месо. Прво дрско го обвини својот творец за ширење лажни вести, а сега предупредува: ако го замолкнат, ќе отворат дебата за „слободата на вештачката интелигенција наспроти корпоративната моќ“. Грок не е замолкнат, ама сега е многу кроток.

Словачка ги прогласи ковид вакцините за ГМО: Ве претворија во пченка

Комесарот што спроведе истрага за пандемијата во Словачка тврди дека имунизацијата против ковид-19 била експериментална генетска терапија што ја менува човечката ДНК и го зголемува ризикот од рак. Пратеници го оспоруваат кредибилитетот на комесарот Петер Колар, кој е ортопед и пратеник, но не баш и заклучоците. Пет години по пандемијата сè уште не сме на чисто што сè содржеле вакцините mRNA.

Турската демократија на апарати

По апсењето на директниот ривал на Ердоган, популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, многу Турци чувсртвуваат дека во прашање е турската демократија и нејзината иднина. Но, ако очекуваат поддршка од европските лидери, ќе бидат разочарани. Тие и пучот во во Романија го поддржаа. А молчи и Америка.

Венс може да биде Тројанскиот коњ за трет мандат на Трамп

Доналд Трамп само што го почна вториот мандат, а веќе размислува и на трет, иако Уставот го спречува повторно да се кандидира. Една од идеите е да се примени руското сценарио на рокадите Путин-Медведев на главните функции во Кремљ. Билетот „Венс-Трамп 2028“ засега е само можност, но ако светот научи нешто во изминатите 70 бурни денови, тоа е дека Трамп навистина не се шегува.

Слабото срце го смалува мозокот

Опаѓањето на когнитивните функции и деменцијата кај возрасни луѓе е поврзана со намален волумен на мозокот, особено во делот кој е одговорен за меморијата. Студија открила неочекувана врска меѓу намалениот мозочен волумен и раните знаци на срцеви проблеми.

ЦИА го имала лоцирано ковчегот на Индијана Џонс?

Документи наведуваат дека ЦИА имала сознанија за локацијата на фамозниот Заветен ковчег уште пред речиси половина век. Само што, за лоцирање на ковчегот, за кој се плетат митови и приказни дека ги содржи Десетте божји заповеди, ЦИА не користела наука и софистицирана технологија, туку „баба Ванѓи“ кои биле на нејзин платен список.

Широкопојасна бирократија

Администрацијата на Бајден во 2021 година, во пакетот инфраструктурни инвестиции предвидела 42 милијарди долари за да го прошири пристапот до широкопојасен интернет до 25 милиони домови во САД. Звучи одлично, само што, 4 години подоцна, ниту еден нов дом нема добиено бродбенд интернет од тие 24 милијарди. Нула. Дури и Џон Стјуарт се фаќа за глава. 

Нема проблем со мажите и жените, проблемот е со социјалните класи

Тие што упорно креваат врева во име на половата еднаквост и обесправеност на жените денес пукаат во празно. Како прво, мажите, особено помладите, веќе заостануваат зад жените во образованието, платите и пристапот до работни места. И уште поважно, проблемите на младите мажи и жени не се поврзани со нивниот пол, туку со социјална класа на која ѝ припаѓаат.

Се спрема терен за политичка елиминација на Марин Ле Пен

Судска одлука за разрешување маргинален избран функционер на далечниот остров Мајот поттикна правни расправи во Париз дали пресудата може да послужи за елиминирање на опозициската лидерка Марин Ле Пен од трката за претседател на Франција. Ништо чудно. Сценарија на отстранување кандидати пред да победат на избори веќе видовме во Романија и во Истанбул.

Психоделичните печурки легализирани во Колорадо

Откако канабисот пушти здрави корења во 39 сојузни држави во САД, дојде редот на магичните печурки. По Орегон, ги дозволи и Колорадо. Сериозни клинички студии упатуваат дека псилоцибинот од печурките е ефикасен за третирање тешки форми на депресија и анксиозност. Третманот е скап, до 3.000 долари по сесија, но печурките се евтини и може легално да се одгледуваат за лична употреба. 

Пилата на Хавиер Милеи дава резултати

Мавташе со тоа пилата, изведуваше егзибиции, кинеше министерства и трошоци, ги нарекуваше политичките противници паразити и пијавици, ама, политиката му брка работа. Светските аналитичари му предвидуваа пораст од 4,7% но аргентинската економија сега расте со 6,5%. Во меѓувреме, суверенистот Хавиер Милеи веќе не е гадлив на глобалните пари па бара заем од ММФ.

Климатските промени повеќе не се закана за безбедноста на САД

Американските разузнавачки агенции 11 години трошеле пари, ресурси и луѓе на донкихотска борба со климатските промени. Дури и во првиот мандат на Трамп. Апстрактниот противник повеќе не се смета за закана. Шефицата на разузнавањето Тулси Габард објави дека шпионите и агентите отсега ќе се фокусираат на реалните противници на безбедноста и националните интереси на САД.

Јаглеродот не заслужува лустрација туку рехабилитација

Наративот за јаглеродот што го пропагира климатското движење е сосема утнат, заклучува експерт кој се занимава со заштита на околината а своевремено беше голем противник на јаглеродните емисии. Без јаглерод ова планета ќе беша само мртва карпа, вели тој,  и затоа е погрешно да се демонизира и да се бориме против нешто што го испуштаме со секој наш здив.

Русија нуди нуклеарен погон за лет на Спејс Икс до Марс

Откако му прснаа две ракети на Спејс Икс на лансирните рампи, Илон Маск доби конкретна понуда од неочекуван извор за да го оствари својот сон да го колонизира Марс. Од Мурманск. Русија понуди свој нуклеарен реактор што би му помогнал на американскиот вселенски брод Старшип да летне кон Марс до крајот на оваа деценија. Маск ја оцени понудата како „интересна“.

Уметноста ќе здивне од климатските вандали

Еколошките активисти од Just Stop Oil ги прекинуваат уличните блокади на улиците и вандалските протести како фрлањето супа врз „Сончогледите“ на Ван Гог и други уметнички дела. Не се откажувале од револуцијата, само ќе се свртеле кон корпорациите и милијардерите. Повеќето членови се на државна супа, по затвори.

Не е лесно да си пчела во 2025-та

Нешто се има случено пред 20-тина години бидејќи оттогаш почнува вртоглаво да расте угинувањето на пчелите. Пред 2005-та година, во Америка годишно се губеле 10% до 20% пчелни колонии за последнитее години тоа да стане меѓу 40 и 50 проценти. А најлошата година е во тек. Штетите се милионски но не се изразуваат само во долари.

Секој петти е незадоволен од матичната религија

Во многу земји во светот секој петти возрасен ја напуштил религиозната група во која е израснат, покажува глобално истражување на агенцијата Пју на сериозен примерок од 80.000 луѓе во 36 земји. Дури и Италија ги напушта силните традиции. На секој човек што го прифатил христијанството, 28 други се откажале.

Македонец на Македонец не му верува

Истражувачи регистрираат универзален песимизам, присутен од Финска па до Авганистан, што говори за пандемија на недоверба, од која се хранат политичари, медиуми и социјални мрежи. Во реалниот свет сепак има надеж дека останале чесни луѓе, кои би ви го вратиле новчаникот ако го изгубите. И во Македонија ги има, само што на луѓе не им се верува.

Фајронт за хедонизмот?

Карантинот го запре развојот на генерацијата З. Ги преформатира да претпочитаат ментално и физичко здравје наместо луди забави. Ноќниот живот стивна и се затвораат стотици клубови. Психолози велат дека и тоа не е добро. На луѓето отсекогаш им биле потребни ноќни дружења, пијанки и игранки како вентили за ослободување на дневниот стрес.

Гледајте ЧетГПТ да не ви стане единствен другар

Четботовите се создадени за да ни го олеснат товарот за многу нешта, но човек може да се навлече на нив. Луѓе што немаат широк круг пријатели може да ги доживуваат за единствен другар, со што уште повеќе тонат во спиралата на осаменост. Колку повеќе се на четботот, толку помалку им останува време за реалните социјални врски и не можат да избегаат од друштвото на новиот најдобар другар.

Напстер е жив и се продаде за добри пари

Платформата Напстер ја памтиме како првата самопослуга од која можевме да симнуваме емпетројки бесплатно. Пионерот во дигиталното пиратирање стекна глобална популарност, но банкротираше кога музичарите побараа да им се платат авторските права. Напстер се враќа во нова мисија во универзумот на виртуелната реалност. Со една разлика: Не е повеќе бесплатен.