Виолетовата боја во Америка значи СТОП

САД се прочуени по заштита на светоста на приватниот имот па секое влегување во нечиј двор може да доведе до фатални последици ако сопственикот е а) напнат и б) има оружје. Заради тоа ги ставаат оние знаци за забрана за минување („No Trespassing“), за на сите да им биде јасно да се свртат и да заминат. Но, во речиси половина држави не ни ставаат знаци туку предупредуваат со боја.

Ако човек во Америка забележи виолетова боја додека се шета наваму-натаму, најпаметно му е да си најде друга рута за прошетка. 

Многу американски држави се придржуваат до „законот за виолетова боја“, кој им овозможува на сопствениците на имоти да користат ознаки со виолетова боја на дрвјата и оградите за да ги одвратат луѓето од нелегално влегување влез. 

Користењето на бојата е истоветно со поставување знак за забрането влегување, иако не секој знае што значи тоа. Досега, повеќе од 20 држави имаат во сила „закон за виолетова боја“. 

Таа боја е одбрана бидејќи се истакнува во природна средина, не се користи во шумарската индустрија и е нијанса што и луѓето со далтонизам можат да ја идентификуваат. Но, има федерални држави кои за таа намена имаат одбрано други бои како портокаловата, сината, сребрената....

Оваа опција е сè почесто користена во однос на знаците, кои знаат да бидат пореметени од ветер или од маалски вандали.

7 мај 2025 - 10:05