Вакцина на шмркање

Канадската влада започна интензивно тестирање на новата мРНК „AeroVax“ вакцина против ковид, која експертите ја опишуваат како начин да се заобиколи отпорот на традиционалната вакцинација. За разлика од конвенционалните вакцини кои се даваат со инјектирање, AeroVax се администрира преку аеросол - како спреј што се вдишува и директно ќе го таргетира горниот респираторен тракт.

Вакцината „Serova“ што ќе се администрира како назален спреј е развиена на Универзитетот МекМастер во Канада, финансирана од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Канадскиот институт за здравствени истражувања (CIHR) веќе инвестираше 8 милиони долари во овој проект, додека научниците се подготвуваат за втората фаза од клиничките испитувања.

Според Универзитетот Мекмастер, тестовите на животни веќе покажале дека вдишената вакцина предизвикува посилен имунолошки одговор од класичните инјекции, бидејќи директно го таргетира горниот респираторен тракт - главната точка на влез за респираторните вируси.

Првичните тестови на глувци ги поттикнаа истражувачите да тврдат дека новиот метод на администрација може „радикално да го промени начинот на вакцинација“. Во почетната фаза на тестирање на луѓе учествувале 36 лица, кај кои не биле забележани сериозни несакани ефекти. Во тек е регрутирање 350 волонтери заради рандомизирано испитување - 75% од учесниците ќе ја добијат вистинската вакцина, а другите плацебо.

Многумина изразуваат загриженост дека вдишените вакцини може да се користат и без согласност, со прскање заради имунизација на луѓе во одредена зона.

Кога ќе ги соберете сите делови од сложувалката, сликата станува вознемирувачка, предупреди д-р Џозеф Меркола уште во 2023 година, кога оваа технологија за прв пат беше воведена.

******
Види и:
Првата „вакцина“ била дувана во нос

4 мај 2025 - 10:42