Том Слејтер

Реформистите на Фараж го разнишаа двопартискиот систем

„Историски локални избори“ се три збора што често не ги гледате еден до друг. Но, гласањето во Британија на 1 мај е исклучок. Гласовите не се преброени, но сликата е веќе кристално јасна: двопартискиот картел кој сто години клечеше над британската политика се распаѓа - а бунтовничките реформисти на Најџел Фараж се издигнуват од урнатините.

На британските национални анкети технократската и воук Лабуристичка партија и дезориентираната ториевска партија погодена од криза на идентитетот сега не сочинуваат ни 50% од гласовите заедно. Нивните соодветни изборни бази се распаднаа до таков степен што не ги спасува дури ни мнозинскиот гласачки систем, кој традиционално поткрепува биполарност. 

Сето ова не е производ на еден изборен циклус, туку на децениска тектонска промена. Старите партии, овие реликвии на 20 век, одамна престанаа да знаат за кого или за што служат, освен да освојат моќ. Нивниот смртен стисок на политиката долги години се одржуваше поради недостигот на алтернативи и незадоволниот електорат.

Песочното мнозинство на Кир Стармер минатото лето - освоено со историски низок одѕив - беше најекстремниот пример досега за оваа шуплива поставеност. Но, плимата веќе доаѓа.

Брегзит можеби веќе не е жив проблем, но неговиот дух продолжува да ја преобликува политиката. Подемот на популистичкиот евроскептицизам зборуваше за многу подлабока желба меѓу масите повторно да се ослободат, да го повратат своето влијание не само од антидемократскиот Брисел, туку и од далечниот и императорски Вестминстер. Тоа очигледно не исчезна.

Милиони луѓе сега се свртуваат кон реформистите како средство преку кое повторно на маса може да да ги стават своите интереси, заедници и грижи.

Додека брегзит беше последниот клинец во ковчегот за она што остана од старата лабуристичка коалиција, за ториевците тоа беше шанса да создадат нова. Шанса што тие ја прокоцкаа со предавство на работничката класа, која им го даде неверојатното мнозинство во 2019 година. 

Гласачите, откако се ослободија од старите начини, се на располагање повеќе од кога било досега. Но, приближувањето до нив е друго прашање. Како што покажа брегзитот за ториевците, во оваа нестабилна политичка ера една партија може да падне толку брзо како што се кренала.

Во тоа има предупредување за реформистите. Креативното уништување е една работа. Да се изгради нешто ново е сосема друго. Но, со или без реформистите, сите можеме да си ги стоплиме рацете на огнот на кој гори старата политика. И не се враќа.

Том Слејтер, Spiked

2 мај 2025 - 20:59