Гравитацијата е доказ дека живееме во симулација?

Што ако гравитацијата, силата што нè држи на планетата, всушност е само обид да се заштеди процесорска моќ во Универзумот, за да се среди нередот во него? Ова е основа на сериозна научна теорија дека животот каков што го знаеме е симулација. Се чини фантастична, но теоријата на релативноста и квантната механика не дале ништо подобри одговори што е гравитација.

Ново истражување на физичарот Мелвин Вопсон од Универзитетот во Портсмут покажува дека Универзумот би можел да биде џиновски космички компјутер што се обидува да работи ефикасно. Гравитацијата е една од алатките што ги користи за го одржува време-просторот уреден кога ќе се зголеми оптоварувањето, нешто како „зип“ алатка што оптимизира податоци со компресирање.

Вопсон во 2022 година заедно со математичарот Шербан Лепадату го објави „вториот закон на инфодинамиката“. За разлика од Вториот закон на термодинамика, кој вели дека „секој природен процес во Универзумот резултира со губење употреблива енергија и зголемен хаос, законот за инфодинамика предвидува информатичката ентропија да се намалува.

Вопсон истражувал и дали информацијата има маса и ја пресметувал вкупната сума на информации во Универзумот ако елементарните честички се единици за чување податоци, слични на ДНК.
Елементарни честички се најмалите можни единици на материја во Универзумот, како што битовите се најмали единици на дигиталните информации. Тие може да бидат организирани во пиксели со вредност единица или нула, врз основа дали содржат материја или не.

Во овој случај, пикселот е зипуваниот податок, а гравитацијата е силата на компресија што оптимизира колку простор зафаќа, објаснува Вопсон.

Колку и да се чини фантастична, теоријата не може да се отфрли, бидејќи не знаеме што е гравитација. Таа е сеприсутна во Универзумот, можеме да ја измериме, но не ја разбираме нејзината природа.

Ентрописката природа на гравитацијата е убедлив доказ дека информацијата е основна компонента на физичката реалност и дека компресијата на податоците ги поттикнува физичките процеси во Универзумот, пишува Вопсон во својот труд.

6 мај 2025 - 18:12