Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Американските санкции удрија по Хаг

Уште во февруари оваа година администрацијата на Трамп удри со санкции за главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, за да го обесхрабри да буричка по израелските злосторства во Газа, откако беше издадена потерница и по Нетанјаху. Како тоа изгледа? Карим Кан останал без меил, средствата му се замрзнати а некои „силни“ невладини организации сега се плашат и да одговорат не меилови од судот.

Европа има проблем со слободата на говорот

Кога американскиот потпретседател ја обвинува Европа дека не ја штити слободата на говорот, првата реакција е дека е тоа лицемерно. Актуелната Бела куќа е брутален непријател на мислења што не ѝ се допаѓаат, депортира студенти поради нивни политички ставови, ги ремети критичките медиуми и ги малтретира универзитетите. Но, само затоа што е лицемер, не значи дека Џеј Ди Венс греши.

САД планираат да преселат милион Палестинци од Газа во Либија

Откако арапските земји го отфрлија проектот на Трамп да ја претвори Газа во „Ривиера на Медитеранот“, но без Палестинци во неа, САД имаат нов план за трансфер на 1 милион Палестинци во Либија. На Триполи му се ветува одмрзнување на либиските милијарди, а на луѓето од Газа бесплатни домови и финансиска поддршка. Ако пропадне дилот со Либија, резервна опција е Сирија.

Холандија има тунел кој сам се поправа

Железничко-патен надвозник во холандскиот град Ријен има бетонски ѕид кој сам се обновува благодарејќи на бактериските култури кои се внесени во него. Штом ќе дојдат во контакт со вода и кислород, се будат и сами ја пополнуваат пукнатината. И да се совлада кај нас оваа технологија, очи ќе си извадат кој да го лапне тендерот за бактериите кои подоцна ќе ни се покажат како мрзливи.

Јутјуб ќе сече со реклами „на најинтересното“

Рекламите на Јутјуб сè почесто нервираат корисници но затоа на компанијата ѝ носат сè поголеми пари кои се мерат со десетици милијарди долари. Во меѓувреме, смислуваат и нови начини како рекламите да носат уште поголеми пари од маркетинг. Со помош на вештачката интелигенција ќе идентификуваат кој дел од видеото е највозбудлив и најнапнат за баш таму да уфрлат реклама.  

Објавена снимката со дупките во меморијата на Бајден

Аудио-снимката на сведочењето на Џо Бајден во 2023 година покажува зошто Белата куќа повеќе од една година строго забранувала да биде објавена. На транскриптот сè изгледа фино, но не може да се добие претстава за блокадите во говорот и шепкањата од адвокатот што му ја освежувал меморијата. Човек во таква состојба цела година ги водел САД, а можеше да добие уште еден мандат.

Голема разлика во смртноста меѓу вакцинираните со Фајзер и Модерна?

Нова студија за стапката на смртност од ковид во САД повторно ја засили дебатата за безбедноста на вакцините. Истражување спроведено кај повеќе од 1,4 милион луѓе на Флорида покажало пониска стапка на смртност од сите видови причини кај возрасни што ја примиле вакцината од Модерна во споредба со истите категории луѓе што примиле дози од Фајзер.

Прв спасен живот со генетската техника КРИСПР

Деветмесечено бебе родено со ретко генетско нарушување е првиот човек што е излекуван со терапија за модификација на гени со техниката КРИСПР, која пред пет години заслужи Нобелова награда. Успехот на лекарите од Филаделфија се смета за историски во медицината, бидејќи им дава уште една шанса на луѓето со ретки болести, за кои нема други третмани што би им го спасиле животот.

Европа ѝ се смирува на нуклеарната енергија

Иако со децении добар дел европски земји се колнеа дека никогаш нема да ѝ се вратат на струјата од нуклеарен погон, некогашните нуклеарни скептици денеска се тркаат кој побрзо и повеќе ќе гради атомски реактори за да имаат доволно евтина струја која нема да ја загадува природата. Последна е Данска, на ред се Шпанија и Шведска, а Италија и Белгија веќе го сторија тоа. Се чека на Германија.

Стармер може да тропне на наша врата за мигрантите

Британија бара нова земја на Балканот во која би ги префрлала имигрантите што не добиле азил, откако Рама го одби предлогот на Стармер. Коментирајќи го „фијаското“ на Стармер во Тирана, британски весници ја спомнуваат Македонија меѓу новите потенцијалните партнери за зделката. Лондон веќе најави дека во Македонија ќе ја прошири својата работна група за миграција.

Смртна закана за Трамп од поранешниот шеф на ФБИ

Тајната служба на САД истражува дали енигматичната порака од поранешниот директор на ФБИ всушност е повик за убиство на претседателот Доналд Трамп, кој лани два пати беше цел на атентати. Тивката војна помеѓу Џејмс Коми и Трамп почна во 2016 година, кога ФБИ отвори истрага за „руските врски“ на републиканците во кампањата, а ја затвори истрагата за мејловите на Хилари Клинтон.

Скршеното срце почесто ги убива мажите

Стресот и емоционалната болка по раскинување на врска е тема на безброј песни, книги и филмови. Но, синдромот на скршено срце е медицински потврден како сериозна состојба по емоционален и физички стрес, со висока стапка на смртност од 6,5 % и од која страдаат се повеќе луѓе. Од синдромот почесто страдаат жените, но двојно повеќе е фатален за мажите.

Пуританците се враќаат

Многумина сметаат дека соочувањето со смртноста може да се спречи на неодредено време со правилна комбинација на параноја и санитарни средства. Мени со QR код, средства за дезинфекција и маски на отворено повеќе се одраз на колективна претпазливост. Пуританците тешко се откажуваат од навиката да го контролираат туѓиот избор. Сега нивната цел е алкохолот.

САД запнале да развијат генетски модификувани супервојници

Комисија на Сенатот во САД побара милитаризирање на биотехнологијата, наведувајќи шпекулативни податоци дека Кина веќе прави „супервојници“. Во име на националната безбедност се повикува на дерегулација и генетски експерименти на луѓе. Критичари предупредуваат: Се враќа паранојата од Студената војна и се бришат етичките граници на војувањето.

Како градовите ги убедуваат луѓето да ги остават колите дома

Што сè не пробале разни инженери за да ги ослободат градовите од сообраќајните гужви. Порано решението се гледаше во отворање нови коловозни ленти, а сега во затворање улици и бришење паркинг-места. Главната цел е да се обезбеди ефикасен јавен превоз, но тешко е на луѓето да им се одземе навиката да користат автомобили. Тие се поудобни, побезбедни и статусен симбол.

Берлин со регрутации ќе ги пополнува дупките во стројот

Канцеларот Фридрих Мерц најави дека Германија ќе ја изгради најмоќната конвенционална армија во Европа. Зголеменото задолжување може да ѝ помогне да го обнови арсеналот, но главниот проблем е да ги убеди младите Германци да ѝ служат на земјата со оружје во рака. Ако обидите „со убаво“ не привлечат доволно доброволци, строевите ќе бидат пополнети со регрутација.

Русија ќе гради нуклеарeн реактор за кинеската база на Месечината

Новиот сојуз на Москва и Пекинг насочен против глобалната американска доминација добива вселенски димензии. Русија ќе ѝ гради на Кина нуклеарна централа на Месечината за да ја напојува идната лунарна станица која не толку далеку во иднината ќе ја населат кинески астронаути. Реакторот и базата ќе ги градат роботи. НАСА не доби пари за својата лунарна станица Гејтвеј.

Иднината според Маск: Секој човек ќе има личен робот и ќе се луксузира

Поради стравувањата дека вештачката интелигенција масовно ќе им ги грабне работните места на луѓето, веќе се спроведуваат експерименти со „универзален основен приход“ – роботи да работат, а луѓето да имаат доволно пари за да безделничат. Илон Маск има фантастична визија за „универзален висок приход“ - секој човек ќе може да се луксузира додека неговиот личен робот работи.

Зашто Ердоган не може да ги скрши Курдите

Гласините за „смртта“ на ПКК се претерани. Софистицираното, распространето курдско револуционерно движење е хидра со многу глави. Дали ПКК навистина ќе го отфрли оружјето останува отворено прашање. Што и да се случи следно, Курдистан останува геополитичко бојно поле, а движењето ќе продолжи да игра клучна улога во конфликтот од Газа до Техеран и пошироко.

И да нè снема, октоподите ќе нè наследат

Многу одамна, со планетата царувале диносаурусите. Во изминатите стотици илјади години доминантна сорта е човекот. Ако некој нов астероид реши да ја ресетира Земјата, планетата можеби ќе остане во посигурни раце. Шанса за доминација имаат интелигентните, приспособливи и телесно флексибилни октоподи. Главна маана им е тоа што се вкусни и не сакаат да се дружат.

Британски командоси убивале по свои правила во Ирак и Авганистан

Повеќе од 30 британски ветерани го прекинаа долгогодишниот молк и се охрабрија за ББЦ да сведочат за воените злосторства на нивните единици во операциите во Авганистан и во Ирак. Говорат за убиства на невооружени луѓе на спиење и егзекутирање врзани или ранети заробеници. Злосторствата рутински биле прикривани со подметнато оружје и фалсификувани извештаи.

Замина скромниот политички херој Хозе Мухика

Светот остана посиромашен за Хозе „Пепе“ Мухика. Левичарски герилец, измачуван затвореник, сенатор и некорумпиран претседател на Уругвај што со прогресивни реформи ја крена земјата од економска криза до благосостојба. Упорно ја отфрлаше етикетата „најсиромашен претседател на светот“ што му ја залепија медиумите: „Сиромашни се тие што сакаат повеќе, бидејќи се во бескрајна трка“.

Папата кој Ватикан не го признава

Додека во фокусот на целиот свет беше изборот на нов папа во Ватикан, постои друга црква во Европа која не го признава авторитетот на Лав 14-ти. За „вистински и единствен“ водач на католичкиот свет го смета својот папа Петар Трети. Палмарската црква се појавила по смртта на папата Павле Шести, за кој тврди дека бил систематски труен од масони во Римската курија.

Начинот на кој го користите ЧетГПТ покажува колку сте стари

Извршниот директор на ОпенАИ изнесе интересни забелешки околу генерациските разлики во пристапот кон ЧетГПТ и начинот на кој се користи нивниот бот. Некои генерации амбициозно го користат како оперативен систем, некои како замена за Гугл а трети како советник за животни прашања и ситуации. Овие последниве, не чуле за тетки-комшивки?