Начинот на кој го користите ЧетГПТ покажува колку сте стари

Извршниот директор на ОпенАИ изнесе интересни забелешки околу генерациските разлики во пристапот кон ЧетГПТ и начинот на кој се користи нивниот бот. Некои генерации амбициозно го користат како оперативен систем, некои како замена за Гугл а трети како советник за животни прашања и ситуации. Овие последниве, не чуле за тетки-комшивки?

Постарите луѓе користат ЧетГПТ како замена за замена за пребарување на гугл. Помладите го користат како животен советник, а на факултетите се користи како оперативен систем.

Ова е грубиот заклучок на Сем Алтман за начинот на кој секоја генерација го прилагодува моделот со вештачка интелигенција на сопствените интереси и потреби.

Тој ги издвојува младите поради нивниот особено интересен приод „да не донесуваат животни одлуки без да го прашаат ЧетГПТ што треба да прават.

Тој има целосен увид за нивниот живот, памети сè, со кого и за што разговарале со секоја личност во нивниот живот, објаснува шефот на ОпенАИ.

Студентите, пак, се категоријата што најчесто го користи ЧетГПТ како оперативен систем.

Имаат сложени начини да го постават и да го поврзат со куп датотеки, и имаат запаметено прилично сложени потсетници, додава Алтман.

Тој одби да одговори на прашањето како го користат ЧетГПТ во неговата компанија, поконкретно дали како машина за пишување програмерски кодови.

Сундри Пичај, директорот на Гугл, објави дека вештачка интелигенција пишува 25% од кодовите.

Извештај на ОпенАИ од февруари говори дека над една третина од луѓето на возраст од 18 до 24 години во САД користат ЧетГПТ. Истражувачкиот центар Пју претходно спроведе анкета што покажа дека 26% од младите во САД на возраст помеѓу 13 и 17 години го користеле јазичниот модел со вештачка интелигенција за да решат училишни задачи. Тоа е двојно зголемување во споредба со користењето во 2023 година.

Алтман ги споредува генерациските разлики на користењето вештачка интелигенција со прилагодувањето кон смартфоните кога се појавија на пазарот: Децата брзо ги совладале вештините на новиот уред, а на возрасните им биле потребни две до три години за наједноставните работи.

13 мај 2025 - 13:17