
Програмата „пик поинтс“ (врвни точки) веќе се спроведува експериментално и до крајот на годината би требало да биде вградена во сите содржини на Јутјуб.
Алатката со вештачка интелигенција Џемини е обучена да анализира кои фрејмови од снимката или кој дел од преводот привлекува најголемо внимание од корисниците. Тие позиции ќе бидат дефинирани како „пикови“ во кој е најисплатливо да бидат објавени пораките од спонзорите.
Како пример Јутјуб објави снимка како момче запросува девојка. Моментот на бакнежот алгоритмот го препознава како „врв“ и веднаш по него отвора прозорец за реклами.
Пресметките покажале дека оваа тактика има потенцијал значително да го зголеми бројот на „импресии“, кои се главната метрика за собирање пари. Во 2024 година Јутјуб од реклами во видео содржини заработил над 36 милијарди долари.
Не е објавено дали на корисниците ќе им биде оставена можност да ја прескокнат рекламата. Оние што не сакаат снимката да им биде прекината во најинтересниот момент ќе може да платат „лајт“ верзија, која ќе биде поевтина од премиум пакетот.