Вести

САД додаваат тактички атомски бомби во новата стратегија за Русија и Кина?

Министерството за одбрана на САД разработува нова нуклеарна стратегија за потенцијални регионални конфликти со Русија или Кина, во која се остава можност за употреба на тактичко нуклеарно оружје со пократок дострел. Целта е да му се овозможат на претседателот повеќе опции за да спречи конвенционална војна да прерасне во нуклеарна.

Австрија лепи екстремистичка етикета на поло маиците

На властите во Виена порано им беше полесно: Младите што носат војнички чизми и бомбер јакни беа јасно етикетирани како екстремни десничари. Со новата мода им е потешко. Во нов обид да се политизира личниот стил, професорка по моден дизајн заклучува дека денешните екстремисти носат поло маици, а девојките ја следат модата промовирана од МАГА.

На Трамп му калемеле „руски врски“ и за отпуштањето на шефот на ФБИ

Американската федерална полиција истражувала дали претседателот Трамп дејствувал под влијание од Русија кога во 2017 година го разреши директорот на ФБИ. Операцијата била дел од пошироките обиди да се докаже улогата на Москва во победата на Трамп на претседателските избори претходната година, покажуваат новообјавени документи.

Речник

Такер Карлсон објави манифест со визии за Америка

Поддржан од најистакнатите дисиденти од движењето МАГА, кои се спротивставуваат на политиките на Трамп, Такер Карлсон претстави манифест со визии на кој начин Америка навистина треба да стане велика. Не ги коментираше шпекулациите дека ќе формира „трета партија“ и дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2028 година.

Колку луѓе ѝ се таман на планетата до 2200 година?

Некои демографи предупредуваат дека сме преголем товар за планетата. Неодамна го избаждарија оптимумот на 2,5 милијарди луѓе. Нова студија го поместува прагот на одржливост на човештвото на 4 милијарди, но со постепен пад до крајот на идниот век, без никакви насилни стерилизации и политики на принуда.

Инсајдери тргувале со 9 милијарди долари на изјавите на Трамп за Иран

Техеран документирал шема на инсајдерско тргување од најмалку 9 милијарди долари, преку манипулации на пазарот на нафта поврзани со извештаите на порталот Аксиос и изјавите на претседателот Трамп. Иран ги обвинува Кушнер и Виткоф дека ги злоупотребуваат преговорите, за да го искористат пристапот до информации за тргувања на финансиските пазари.

Од нафтата во Британија се збогатија компаниите, а во Норвешка државата. За граѓаните ни капка

Кога пред половина век во Северно Море беа откриени огромните резерви на нафта, Тачеровска Британија им ја даде нафтата на приватници и сега ги собира „трошките“ од профитот. Норвешка, пак, го претури богатството во огромен државен фонд и заработува 45 пати повеќе. И во двата случаи, за обичните граѓани не остана ништо.

Во УСАИД масовно се уништуваат доверливи документи

Гардијан дошол до меил кој покажува дека на началството на УСАИД му се брза да ги уништи сите доверливи документи пред да им биде удрен печат на отказите и да бидат зачистени канцелариите. Законот налага документите да завршат во архив, на увид на јавноста или како докази за истраги. Ама: „Ако ви снема вреќи за палење, само побарајте“, порачала извршната секретарка Ерика Кар.

Амазонска прашума жртвувана за самит за климатски промени

Бразил го поплочува патот до самитот за климатски промени со трупци од илјадници исечени заштитени дрвја. Багери ја расчистуваат амазонската прашума за да можат светските лидери, кога во ноември ќе се возат до самитот КОП30 во Белен, да се восхитуваат на убавината на дрвјата што преживеале.

ЧетГПТ добива анксиозност од насилници

Чат ГПТ почнал да халуцинира откако го шиканирале со вознемирувачки информации за сообраќајни несреќи и катастрофи. Му дијагностицирале анксиозност. Го смириле со медитирање. Не, не е виц, туку научно истражување, кое може да помогне при лекување ментални нарушувања кај луѓе.

УСАИД плаќал Џеј Ди Венс да биде оцрнет како руски пропагандист

Американскиот претседател реши да ја скастри УСАИД поради апсурдни трошоци низ светот. Но, Трамп ја испушти можеби најскандалозната операција: УСАИД финансирала и обучувала украински групи да прават црни листи на кои американскиот потпретседател, членови на Конгресот, истакнати новинари се етикетирани како „странски пропагандисти“, пишува Грејзон на Макс Блументал.

Либералите треба да бидат гневни заради забраната на Калин Георгеску

Што се случи со онаа идеја дека кога се соочуваме со непријателите на демократијата, треба да се бориме против нивните идеи, но подеднакво и за нивното право да ги изразат? Умре со срамна смрт пред неколку дена, кога Изборното биро на Романија, со целосна поддршка на либералниот естаблишмент на ЕУ, му забрани на кандидатот на екстремната десница Калин Георгеску да се кандидира за претседател.

Укинати 600.000 долари за изучување менструација на трансродови мажи

Во натпреварот за најбизарен пример меѓу проектите финансирани од администрацијата на Џо Бајден, секогаш знае да изненади некој уште полуд. Како на пример, повеќе од половина милион долари за хигиенски влошки од канабис сатива за менструација на трансродови лица.

Како глобалистите си го ископаа сопствениот гроб

Доналд Трамп не го урна либералниот меѓународен поредок во кој доминираат САД. Тој всушност реагира на смртниот грч и чека да ги направи последните обреди. Што и да се случи, либералниот светски поредок исчезна - и не се враќа. Прашањето сега е што би можело да го замени?

Создале светлина во цврста и течна состојба

Воопшто не е лесно да се совлада основната лекција по квантна физика дека светлината има двојна природа - постои и како бран и како честичка. По ново, светлината може да биде и цврста и течна, и тоа во исто време. Науката продира подлабоко во нејасниот свет на квантната механика. Ќе треба да се пишуваат нови учебници по физика.

Општа чистка на службеници во Министерството за здравство на САД

Од десетици илјади здравствени работници во Америка е побарано до петок самите да дадат отказ. Министерот Кенеди би ги отпуштил сите. Директивата на претседателот Трамп за кастрење на јавни службеници е јасна: Подобро е да кратат министрите. Ако не можат, ќе скрати Илон Маск.

Стигнува лабораториско месо на европските трпези

Минатиот месец во Велика Британија почна продажба на кучешка храна со месо произведено во лабораторија. Ако на нивите газди им потекоа лиги, има добри вести: и тие ќе може да се омрсат со истото месо за едно две години. Италија на време ја забрани ваквата идеја. Во Сингапур веќе пет години се продава месо од лабораторија.

Украина е буниште за старо и расипано европско оружје

Европа се фали дека ѝ испраќа воена помош на Украина. А, на фронтот испраќа старо и неупотребливо оружје, она што се нашло во магацините при генералното чистење. Наместо да го уништат, ја користат Украина како отпад, а залихите се полнат со нови договори со одбранбената индустрија.

Лос Анџелес не знае каде завршиле парите за бездомници

Американски федерален судија наредил да се изврши независна ревизија за тоа како градот и округот Лос Анџелес ги трошел парите наменети за бездомници. Се работи за милијарди долари бидејќи тоа е еден од главните проблеми на градот во кој се проценува дека има околу 80.000 бездомници. Ревизијата заклучила: Лос Анџелес не знае и нема начин да дознае.

Топ 10 погрешни прогнози за климатски катастрофи

Поминаа шест години откако деликвентната активистка Грета Тунберг „научно“ предупреди дека климатските промени ќе го збришат човештвото до 2023 година ако не ги исфрлиме фосилните горива. Климатски активисти денес велат дека мразот на Арктикот ќе се стопи некаде помеѓу 2035 и 2067 година. Некој некогаш сигурно ќе погоди. До тогаш ќе се бележат промашувањата.

Европа има помалку бебиња и постари мајки

Прекарот Старата Дама сè повеќе ѝ прилега на Европа. Жените доцна стануваат мајки, Италијанките на возраст од речиси 32 години. Проекциите се дека земјите од Европската Унија ќе стареат уште побрзо и до крајот на векот ќе изгубат 152 милиони луѓе, ако демографската дупка не се пополнува со имиграција.

Работи што не се кажуваат: НАТО е клинички мртов

Европа доби уште една, никогаш подиректна, порака дека повеќе не може да смета на американска заштита. Иако сè уште никој не го кажал тоа, НАТО е клинички мртов, со сè помалку шанси да закрепне. Европската Унија мора да направи нова стратегија, кога ќе најде одговор на прашањето: Од кого сака да се брани? 

По половина век под калап, учениците пуштаат коси

Кратката коса значи дисциплина, пресудила хунтата во Тајланд уште во 1975 година и наредила сите ученици да бидат уредно потстрижени. По долга битка со строгите наставници и острите ножици, учениците од Тајланд конечно се изборија за право што се чини толку едноставно - косата да им ги покрие ушите.

Како САД да ја избегнат судбината на Европа

Споредбата меѓу Европа и САД е стара и неуморна дисциплина. Еконономските бројки обично се на страната на Америка но европскиот модел на социјална безбедност и здравствена заштита се смета за супериорен во однос на бруталниот капитализам отаде океанот. Њујорк пост имаат интересна дијалошка форма на оваа тема, при што „Америка“ ја брани „Шведска,“ а Шведска вика, не е тоа баш така.

Атеизму, избави нè од досадата

Првпат во историјата Британија влезе во „атеистичка ера“, со повеќе атеисти отколку верници во Господ. Научниците мислат дека имаат одговор зошто луѓето ѝ го вртат грбот на религијата. Верските обичаи им се здодевни.

Гугл е следниот за испрашување во Конгресот

Сослушување на Алфабет е следната епизода од „крстоносниот поход“ на републиканскиот конгресмен Џим Џордан против социјалните платформи за кои смета дека ги цензурирале конзервативните гласови за време на Бајден. Мета по сослушувањето ја промени својата политика за слободата на изразување.

Лажица пластика по глава на жител

Микропластиката на најразлични начини продира во човековото тело и најчесто се вгнездува во мозокот, повеќе отколку во другите органи. Загрижувачка е концентрацијата на честички од пластика во мозоците на луѓето со деменција. Не е доволно испитано како пластиката влијае врз здравјето, но се поврзува со мозочни и срцеви удари.

Израелски ВИ го следи секој палестински збор и издвојува закани

Израелските разузнавачки служби креирале алатка слична на ЧатГПТ и ја нахраниле со секој збор што Палестинците го кажале по телефон или како порака. Препознава локален говор и дијалекти. Самата ги следи и ги анализира комуникациите, открива „гнев“ или „нагон за убиство“ и етикетира закани. Понекогаш нагаѓа.

Од глупави состаноци се добива мамурлак

Науката потврдува. Лош состанок, без содржина и цел, на кој соговорниците не можат да се разберат или по кој сите повторно си тераат по свое, создаваат главоболка слична на мамурлук, која долго време не може да се истера од главата. Како лек се препорачува муабет со близок колега. 

Кој знаел дека во секоја клетка сме имале „златен рудник“ за антибиотици

Супербактериите што станале отпорни на сите познати антибиотици убиваат по повеќе од 1,27 милион луѓе секоја година. Нови антибиотици речиси и да нема. Израелски научници откриле дека во нашето тело сме имале арсенал против бактерии и штоф за природни антибиотици.