
Командантите ќе обезбедат сите заеднички интимни простори да бидат јасно определени дека се за машка, женска или семејна употреба, се вели во документот.
Во активна служба во армијата на САД и во Националната гарда има 4.240 трансродови војници, според официјалните податоци. Неофицијално ги има многу повеќе.
Веднаш откако го почна вториот мандат, претседателот Доналд Трамп ја укина одредбата од Џо Бајден со која на трансродовите лица им дозволуваше отворено да служат во воените формации. Одлуката на Трамп беше обжалена, но Врховниот суд дозволи да се спроведува.
Пентагон пред две недели објави дека по итна постапка ќе исфрли од армијата околу 1.000 припадници што отворено се идентификуваат како трансродови. Другите ги повика самите да се пријават и доброволно да заминат во рок од 30 дена, нудејќи им отпремнина.
Кога ќе помине рокот командантите ќе мора да достават списоци и да ги испратат трансродовите војници на лекарски преглед, за да има основа да бидат отстранети од армијата.