
Универзитетски невропсихолози од Мичиген во прва студија од овој тип забележале маркери за воспаление на мозочните клетки кај 10 пациенти со долг ковид, кои не биле присутни меѓу другите седум опфатени во истражувањето, лица што целосно закрепнале и немаат никакви постојани симптоми.
Серумските нивоа на факторот на раст на нервите - биомаркер на способноста на мозокот да се менува и приспособат преку формирање на нови врски, биле значително пониски во групата со долг ковид. Оваа група имала повисоко серумско ниво на интерлеукин (ил-10), што е знак за воспаление.
На невропсихолошките тестови немало никакви разлики, но пациентите што имаат заматен ум постигнале значително послаби резултати на вербална флуентност. Тоа значи дека немаат брз и прецизен пристап до јазичните центри во мозокот за создавање зборови.
Авторите на студијата предупредуваат дека лекарите вообичаено ја проценуваат состојбата на лицата со долг ковид врз основа на писмени дијагностички тестови, на кои пациентите имаат нормални резултати.
Лекарите ќе треба да преземат мултидисциплинарен пристап во грижата и да ги проценат воспалителните и мозочните биомаркери, што би можело да понуди подобро лекување. Би можеле да помогнат говорна терапија, психотерапија за намалување на стресот и лекови против замор, забележуваат авторите на студијата.