- Американскиот претседател Доналд Трамп ја укина заштитата на Тајната служба за поранешната потпретседателка и демократска ривалка на изборите за 2024 година, Камала Харис.
- Губењето на тајната безбедносна заштита на Харис значи дека таа ќе остане без агентите кои се назначени да ја штитат неа и нејзиниот имот во Лос Анџелес, како и без проактивното разузнавање за закани спроведено за идентификување и спречување на какви било потенцијални закани.
- Камала останува без обезбедување во пресрет на нејзината најавена турнеја низ повеќе градови, за промоција на нејзините нови мемоари „107 дена“ кои ги покриваат настаните од нејзината кратка претседателска кампања.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.