Мерцедесот што поминал 4,6 милиони километри
26 август 2025
- Солунскиот таксист Грегори Сахинидис во 1981 година купува половен Мерцедес од Германија, произведен 1976 година, со веќе поминати 230.000 километри.
- Следните 23 години го користи како такси возило, не само по Солун туку и во Македонија, Босна, Бугарија, Турција, Германија... Само во Бугарија бил преку 90 пати.
- Кога тој и колата заминуваат во пензија во 2004 година, „маратонецот“ имал поминато рекордни 4,6 милиони километри, еквивалентно на 115 возења околу светот.
- Истата година, компанијата Мерцедес му нуди да го донира своето возило во нивниот музеј во Штутгарт, за што го наградуваат со нов Мерцедес од Е-класа.