
Ѕвездата од „Тајгер Кинг“, Џо Егзотик, бара од претседателот Трамп да интервенира и да не дозволи остатокот од животот да останат разделени со неговиот сопруг.
33 годишниот Хорхе Маркез Флорес (во серијата Џо Егзотик имаше двајца мажи истовремено) деновиве бил депортиран во Мексико, откако ја отслужи казната за нелегален престој во САД.
62 годишниот Џо Егзотик (вистинско име му е Џозеф Малдонадо-Пасаж) е поранешен живописен плејмејкер во зоолошка градина кој отслужува 21-годишна затворска казна за кршење на федералните закони за диви животни и заговор за убиство на неговата лута ривалка, Керол Баскин.
Последно што понуди за својата љубов е да купи златна карта на Трамп вредна 5 милиони долари за да обезбеди легален престој во САД за својот сопруг.
Сега е доцна за тоа, па Егзотик игра на романтичната карта на Трамп (за која не е докажано дека ја има).
Ветува дека ако го пуштат, ќе замине во Мексико и нема да се враќа.
„Јас трајно ќе заминам, а Карол Баскин можете да ја задржите,“ емотивно порача Џо.
Таа пак и натаму живее во Тампа, Флорида, со својот сопруг, лани продале добар дел од својот голем имот и заработиле скоро 20 милиони долари.
За другиот маж на Џо Егзотик, Џон Финлеј, уште пред пет години пишавме дека се снашол и има ќерка и заби.
Само Џо скапува во зандана.
Види: