
Леденото доба што доаѓа ќе се задржи околу 100.000 години. Речиси исто толку траел и Последниот глацијален период, кој својот максимум го достигнал пред околу 26.500 години. Во тоа време огромни ледени плочи ги покривале Северна Америка и северна Европа.
Досегашните претпоставки беа дека цивилизацијата се развила во на средината помеѓу две ледени доба, но истражувачи од Универзитетот Санта Барбара ги прилагодиле пресметките со малите промени во орбитата на Земјата кон Сонцето, за кои тврдат дека доведуваат до масивни промени во климата на планетата.
Во изминатите милиони години најдовме предвидлива шема кога климата на Земјата се менува помеѓу ледените доба и благите топли периоди како денешните, наречени меѓуглацијали, вели професорката Лорен Лисиецки од UCSB.
Ротацијата на Земјата околу својата оска и револуцијата околу Сонцето еволуираат со текот на времето поради гравитациските интеракции со другите тела во Сончевиот систем. За време на еден целосен круг околу Сонцето Земјата патува околу 940 милиони километри.
Варијациите се сложени, но неколку циклуси се подоминантни. Орбитата на Земјата варира помеѓу речиси кружна и благо елипсовидна. Кога е поиздолжена, има повеќе варијации во растојанието помеѓу до Сонцето и во количината на сончевото зрачење, во различни периоди од годината. Благо се менува и ротациониот наклон на Земјата.
Истражувањето е значаен научен чекор кон способноста да се разбере како благите поместувања во орбитата може да имаат огромни импликации на условите на Земјата, што може да придонесе за многу поточни климатски предвидувања и модели врз основа на овие фактори.