Види, види, кој тоа не ни се вакцинирал

Врвна здравствена функционерка во САД призна дека никогаш не примила вакцина против ковид. Уште помалку би го направила тоа сега, кога подобро ги знае ризиците. Администрацијата за лекови најави дека ќе одобрува имунизација против ковид само за постари од 65 години и сериозно болни. Младите, здравите и ревакцинираните немаат потреба да се изложуваат на ризик од нови дози.

Сара Бренер, заменик-комесар на Администрацијата за храна и лекови на САД, изјави дека не примила ниту една од вакцините за ковид. За време на пандемијата таа била бремена и не сакала да се изложи на ризик. Како специјалист за нанотехнологија, знаела дека липидните честички што се користат за испорака на мРНК во вакцините за ковид може да предизвикаат несакани ефекти.

Тогаш не беше познато какви се моделите на биодистрибуција на тие производи, а лично за мојот случај, какви последици ќе имаат во мајчиното млеко, изјави Бренер.

Таа истакна дека зборува во лично име, а не како функционер на агенцијата задолжена за одобрување на вакцини. Но додаде дека и денес би постапила исто, особено поради тоа што истражувања од 2022 и 2023 година покажаа дека во млеко од имунизирани мајки биле откриени траги на мРНК од вакцините на Фајзер и Модерна.

Се движиме кон поголема транспарентност, повеќе достапни податоци и информации, за да можат луѓето самите да видат што сè е познато и непознато и да проценат. Една од најголемите грешки во претходните години беше отфрлањето на она што е непознато, нели? Имаше само изјави и тврдења кои повеќе личеа на убедувања или посакувани вистини отколку потврдени факти, изјави Бренер.

Администрацијата за храна и лекови вчера најави дека ќе ги ограничи ревакцинирањата против ковид само за лица постари од 65 години и за оние со сериозни болести. Од производителите ќе се бараат дополнителни клинички истражувања за ефикасност на бустерите за помладото и поздраво население.

Едноставно не знаеме дали здрава жена на возраст од 52 години со нормален индекс на телесна маса, која три пати имала ковид и примила шест дози на вакцина би имала полза од седма доза, порача комесарот на ФДА, Марти Макари.

21 мај 2025 - 12:52