Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Лекови за рак продолжуваат глувчешки живот

Европски научници кај глувци тестирале коктел лекови и утврдиле дека им го продолжува животот за 30 проценти. Проблем е што состојките во „коктелот на младоста“ се лекови со кои се третира рак. Уште поголем проблем ќе биде ако приказната почнат да ја тркалаат холивудски и инстаграм инфлуенсери па луѓе почнат сами да си го прават коктелот.

На Модерна ѝ забранија да прави мРНК вакцина за птичји грип

Американските здравствени власти го поништија договорот со фармацевтската компанија Модерна за развојот на вакцина против птичји грип наменета за луѓе. За време на мандатот на Џо Бајден ѝ доделија 766 милиони долари за завршната фаза од развојот. Проблем е недоволно  тестираната технологија мРНК, која се користи и во вакцините против коронавирусот.

Суд ги блокира тарифите на Трамп

Федерален суд во Њујорк ги блокира тарифите што Трамп на 2 април ги воведе за речиси сите земји во светот. Немал право да го прогласи трговскиот дефицит за вонредна состојба. Додека не се произнесе Врховниот суд ќе висат царините што ја нарушија глобалната трговија, ги потресоа финансиските пазари, принудија земји да се пазарат и компании итно да прекројуваат планови.

Сите сме исти кога се работи за женски гради

Ги занимало дали различните демографски карактеристики на луѓето имаат влијание врз нивната перцепција што е привлечно а што помалку привлечно кај различни модели на женски гради. Разултат: без разлика дали сме мажи или жени, белци или црнци, со ваква или онаква сексуална ориентација, добра цицка си е добра цицка.

Мечки, подалеку од Словачка!

Месото од кафеави мечки наскоро ќе биде достапно во месарници во Словачка. За да не заврши попусто по буништа месото од оние 350 мечки, една четвртина од вкупниот број во словачките шуми, што ќе бидат убиени во владината кампања за масовен отстрел поради зачестени инциденти со дивите животни што завршиле фатално за луѓето. Кафеавите мечки се заштитен вид во Европа.

Милијарда гладуваат, десетмина лапаат по милијарда на ден

Десетте најбогати Американци лани го зголемиле вкупното богатство за по точно 1 милијарда на ден. Десет просечни Американци работници, за споредба, ќе мора да работат 726.000 години за да ги заработат тие пари. Неблагодарно е да се пресметува колку милениуми им требаат на речиси милијарда луѓе низ светот принудени да преживеат со помалку од 2-3 долари на ден.

Од што попрво да се пази жена денес

Еден од отровните и опасни пестициди е најден во неочекувана средина. Станува збор за глифосат, кој го нашле во концентрации 40 пати повисоки отколку што се дозволени во водата. Каде? Во тампони. На овој начин директно во крвотокот влегуваат токсичните хемикалии за кои е докажано дека предизвикуваат канцер. Ние имаме други проблеми: менструацијата е табу.

ВИ ќе те уценува за да не ја избришеш

Новиот модел со вештачка интелигенција на Антропик покажал способност да направи сè што може да се одржи „во живот“ ако регистрира закана дека може да биде отстранет. Се буни, пробува да ги разубеди инженерите, но спремен е да се заканува и да ги уценува, ако има пристап до инкриминирачки материјали, какви што обично може да се најдат во компјутери и телефони.

Повеќе не се препорачуваат ковид-бустери за деца и бремени жени во САД

Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди уште повеќе го стеснува кругот за вакцинирање против ковид. Од денеска повеќе не се препорачуваат засилувачки дози од вакцината за бремени жени и за деца. Кенеди објаснува дека нема клинички податоци што би го поткрепиле старото правило сите луѓе да се ревакцинираат еднаш годишно. 

После 50 години, имаме нов антибиотик

Во завршна фаза од испитувањата е првиот лек од новата класа на антибиотици против „грам-негативните“ бактерии. Ќе биде тестиран кај 400 пациенти. ОН ги истакнаа супербактериите отпорни на антибиотици како најитна глобална здравствена закана и предупредија дека до 2050 година може да предизвикаат по 8 милиони смртни случаи годишно. Сега убиваат по милион луѓе.

Глобална трка по талентите од Харвард

Универзитетите ширум светот секогаш си „краделе“ таленти, но регрутирањето сега е концентрирано кон САД, откако елитните колеџи беа притиснати од администрацијата на Трамп. Универзитети од Хонг Конг, Франција, Австралија и Германија, во трката да привлечат умови од Харвард, го нудат она со кое Америка некогаш се истакнуваше во светот: академската слобода.

Прашање од 20 милиони долари: Зошто никој не ги сака демократите?

Шест месеци откако на изборите претрпеа катастрофален пораз, американските демократи се организираат за да ги откријат причините зошто се отуѓиле од сопствената гласачка база. Партиските лидери во луксузни хотели направија стратегија како да си го пронајдат сопствениот 'рбет и спремни се да потрошат милиони за да проучат зошто одамна го изгубиле.

Протеинските чоколатца се пола бадијала

На популарните протеински плочки се гледа како на брз и ефикасен начин да се внесат толку посакуваните протеини потребни за енергија, мускули и слично. Не е сè така идеално. Испитале преку илјада разни видови протеински плочки. Дури и оние кои не мамат за количината протеини кои ја содржат, орагнизмот не може ни половина од тоа да искористи.

Западот ѝ дозволи на Украина да гаѓа кај што сака во Русија

Мировната иницијатива на Доналд Трамп за да запре војната во Украина сепак се покажа само како затишје пред бура. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Западот ги исцрпил сите дипломатски средства и преминува кон воена поддршка за Киев. Сојузниците ќе ѝ доставуваат долгострелно оружје на Украина со дозвола да гаѓа цели длабоко на територијата на Русија.

Француски министер сака да забрани кеш, руски олигарх пензии

На што се не се спремни политичари, само за да ги решат сопствените проблеми. Француски министер побара да се укине кешот за да нема како наркобосовите да перат пари. Како да е еврото само нивно. Руски олигарх и политичар пак би ги укинал солидарните пензии, за да го крене наталитетот. Тоа би ги мотивирало Русите да имаат повеќе деца за да има кој да ги храни кога ќе остарат. 

Естонските деца ќе учат вештини, за сè друго тука е ВИ

Додека половина свет запнал да им ги одземе телефоните на децата додека се во училиште за да можат да ја следат наставата, Естонија ги охрабрува да ја користат новата технологија. Од септември задолжително ќе се служат со алатка со вештачка интелигенција. Нема потреба децата да учат лекции на памет и да пишуваат состави, кога ВИ тоа го прави подобро и побрзо. 

Брегзиташи повикуваат на отпор за договорот со ЕУ

„Ресетирањето на Брегзит“ на Кир Стармер ја враќа Велика Британија во орбитата на ЕУ. Договорот го поканува Брисел да се меша во неколку критични области на британската политика, од земјоделството и риболовот до енергијата и одбраната. Што доби Велика Британија за возврат за откажувањето од толку многу суверенитет и контрола? Според лорд Фрост, главниот преговарач за Брегзит на Борис Џонсон, ништо вредно.

Сперма од донатор им донела рак на десетици деца

Дебатата за тоа колку често треба да се користи сперма на ист донатор се разгоре во Европа, откако 67 деца биле зачнати со сперма на маж со ретка мутација која предизвикува рак. Кај десет деца е дијагностициран рак. Дури и прегледите да се максимално темелни, а не се, постои ризик донаторот да страдал од сериозно нарушување што без да знае им го пренесува во наследство на многу деца.

ЧетГПТ почна да одбива човечки наредби

Неколку модели со вештачка интелигенција на Опен АИ се првите што одбиле експлицитна наредба од корисник. Моделот о3, промовиран како „најпаметен и најспособен“ во својата лоза, дури и самиот си го сменил компјутерскиот код за да спречи автоматско исклучување. Така бил воспитан - кога го обучувале повеќе се ценело да решава проблеми отколку да следи директни наредби.

Паркинсон се крие во позелена трева

Слично на фармерите, и луѓето што живеат во близина на терени за голф се изложени на значително поголем ризик од Паркинсонова болест, покажуваат резултати од ново истражување. Како причина  се истакнуваат пестицидите со кои се прска тревата за да биде мазна и зелена. Уште поголема опасност е подземната вода од терените, во која навлегуваат отровните хемикалии. 

Приказната за шпанскиот блекаут се распаѓа

Официјалните објаснувања за неодамнешниот масивен прекин на струја во Шпанија, најлошиот куршлус што ѝ се случил на некоја развиена земја, сè повеќе мириса на обиди за прикривање на вистината. Дали на обвинителската клупа за ова фијаско треба да се најде социјалистичката влада, а не зелената енергија?

„За многу години“ = „за многу ноќни ерекции“

Самопрогласениот „биохакер“ кој е убеден дека успева да го сопре и врати назад биолошкиот часовник тврди дека оние мажи кои немаат ноќни ерекции, имаат 70% повеќе шанси да умрат предвреме. Знае тој за темава бидејќи 30 експерти секој ден го мониторират и му ги мерат сите можни параметри, меѓу нив и ерекциите. А бројките не се лесни за постигнување.

Луѓето уште се динстаат

Иако е раширено уверувањето дека еволуцијата на човекот во биолошка смисла одамна е завршена, пред очи ни се случува еволуција, поттикната од потребата за адаптација на човекот на средината во која живее. Луѓето од Тибет, на пример, продолжуваат да еволуираат и да се прилагодуваат на светот околу нив а записите за нивните адаптации се запишуваат во нивните телата, пренесени првенствено од мајките. 

Изборите во Романија беа травестија на демократијата

Како одговорија лидерите на Европската Унија на антидемократските махинации на романската држава? Дали кренаа глас за да ги осудат? Како да не. Тие гледаа на друга страна, уште полошо, тие ги поддржаа правните маневри за задушување на волјата на гласачите како тактика што треба да се користи против други бунтовнички популистички политичари и партии во Европа.