* Целиот начин на (не)живеење на Брајан Џонсон е опишан во статијата „Милионерот што инсистира дека сака да живее вечно - никако да поживе“
Шлакнатиот не само што има до милиметар педантен начин на исхрана и начин на живот кој целосно му е мапиран, земаше и милиони матични клетки од Шведска како и крвна плазма од синот.
Во доцни 40-ти години е, но е убеден дека неговиот експеримент му создал срце на човек од 37 години а капацитет на бели дробови на дечко на 18 години.
Има што да каже и за ерекцијата:
„Ако немате ноќни ерекции, имате 70% повеќе шанси да умрете. Ноќните ерекции го предвидуваат животниот век.“
Неговата математика вика вака:
„Во просек, 20-годишен маж треба навечер да има помеѓу 3 и 5 еректилни епизоди навечер... тоа се приближно 145 минути ерекција и тоа е здраво. До 75 години, минутажата драстично опаѓа до околу 50 минути. Ноќните ерекции се многу важен здравствен показател.“
Уролози велат дека иако отсуството на ноќни ерекции може да сугерира постоење кардиоваскуларни и метаболички проблеми, објаснувањето на Џонсон е непримерно поедноставување на работите.