Сите сме исти кога се работи за женски гради

Ги занимало дали различните демографски карактеристики на луѓето имаат влијание врз нивната перцепција што е привлечно а што помалку привлечно кај различни модели на женски гради. Разултат: без разлика дали сме мажи или жени, белци или црнци, со ваква или онаква сексуална ориентација, добра цицка си е добра цицка.

Луѓето од различни демографски слоеви се согласуваат околу тоа што им е привлечно кога станува збор за естетика на женските гради, покажува студија објавена во Журнал за пластична, реконструктивна и естетска хирургија.

Иако се забележани мали разлики врз основа на пол, сексуална ориентација и раса, преференците биле силно усогласени низ сите групи, што укажува на конзистентност во естетските проценки.

Студијата била дизајнирана да истражи како различните демографски групи ја перцепираат привлечноста на градите за да се провери хипотезата дали естетските идеали се универзални или пак фактори како раса, родов идентитет и сексуална ориентација имаат битно влијание врз обликувањето на стандардите за убавина.

На демографски примерок репрезентативен за американското население, им биле покажува фотографии од различни облици и големини на женски гради, па овие ги оценувале.

Резултатите откриле неколку закономерности. Во просек, машките учесници повисоко ги оценуваат женските гради од женските учеснички, давајќи им просечна оценка од 2,8 во споредба со 2,5 (на скала од пет степени).

Иако машките оценки се повисоки, нивните преференци се согласуваат со женските. Со други зборови, двата пола се согласуваат кои гради се повеќе или помалку привлечни, дури и кога мажите се повеликодушни во своите оценки.

Слично согласување има и врз основа на сексуалната ориентација.

Расните разлики се малку посложени. Белците во просек даваат повисоки оценки од азиските испитаници (2,7 контра 2,2) додека разликата меѓу белците и црнците е статистички безначајна. Важно е дека кај сите расни групи, ранг листите се исти, дури и кога просекот на оценките е повисок или понизок.

Студијата исто така истражувала дали луѓето ги оценувале градите од својата расна група поповолно од другите. Не нашле докази за ваква пристрасност. Белите испитаници не давале повисоки оценки за белите женски гради, ниту пак црните или азиските испитаници ги фаворизирале своите. 

Во конечен пласман, три од петте највисоко оценети гради биле бели, едни црни и едни од азиска жена.

28 мај 2025 - 21:32