
Ендрју Никсон, портпаролот на Одделението за здравство и хуманитарни услуги на САД, изјави рече дека одлуката е донесена по „ригорозен преглед“.
Ова не е само за ефикасност, туку е за безбедност, интегритет и доверба. Реалноста е дека технологијата мРНК останува недоволно тестирана и нема да трошиме долари од даночните обврзници повторувајќи ги грешките на минатата администрација, кои ги прикриваа легитимните безбедносни грижи од јавноста, изјави Никсон.
Модерна објави дека добила позитивни податоци за имунолошката реакција и безбедноста од клиничкото испитување во рана фаза на околу 300 здрави возрасни лица. По одлуката на ХХС, компанијата најави дека ќе истражува алтернативи за развој и производство.
Властите до неодамна го сметаа развојот на вакцина за птичји грип како критичен за засилување на подготвеноста за реакција при пандемија. ХХС лани ѝ додели на Модерна 176 милиони долари, а во последните денови од претседателскиот мандат на Џо Бајден, уште 590 милиони долари за завршната фаза од развојот на вакцината.
Од почетокот на епидемијата на Х5Н1 кај говеда во пролетта 2024 година биле заразени повеќе од 1.000 стада во 17 сојузни држави. Вирусот, широко распространет кај дивите птици, предизвика епидемии во живинарските фарми и прескокна на десетици други животни.
Досега биле заразени 66 луѓе, главно земјоделски работници, но повеќето имале лесна болест и закрепнале. Маж од Луизијана што почина во јануари е првата и единствената жртва од птичји грип во САД. Тој бил постар од 65 години, имал нарушено здравје и бил континуирано во контакт со живина.