
Францускиот министер за правда Жералд Дарманин побара од Сенатот „прилично едноставна мерка“ со која би се намалил криминалот, особено трговијата со дрога и перењето пари: да се укине плаќањето со кеш.
Голем дел од измамите и секојдневниот криминал се извршуваат со кеш, за да не може да се утврди потеклото на парите, изјави Дарманин.
Во Франција лани првпат повеќе се плаќало со картички отколку со готовина, но дури 43% од луѓето повеќе им веруваат на банкнотите отколку на пластиката со чип. Бизнисите низ Франција се законски обврзани да примаат кеш и се соочуваат со казна од 150 евра ако одбијат. Откажувањето на банкнотите е невозможно и поради тоа што Франција нема своја валута, туку го користи еврото.
Рускиот олигарх и политичар Константин Малофејев, пак предлага целосно да се укинат солидарните пензии. Тоа, според него, би го поттикнало наталитетот, со кој Русија одамна има огромен проблем. Наместо да чекаат пари од државата кога ќе остарат, за нив би се грижеле нивните деца.
Зошто за десет години не престане плаќањето придонеси во социјалниот фонд? Да им ги вратиме придонесите на оние родени по 1995 година, па самите нека решат дали ќе штедат или ќе имаат деца што нема да ги напуштат кога ќе остарат, порача Малофејев.