
Со години пестицидите се во центарот на вниманието како потенцијален предизвикувач на Паркинсонова болест. Додека земјоделските заедници се опширно проучувани, многу помалку се знае за потенцијалните ризици што ги предизвикуваат урбани или приградски извори на изложеност на пестициди - како терените за голф, се наведува во истражувањето од невролошкиот институт Бароу во САД.
Со студијата биле опфатени 319 терени за голф во Минесота и Висконсин, каде што на тревниците се користат хербицидот паракват и фунгицидот манеб. Врз основа на пол, возраст и демографија биле споредувани 419 лица со Паркинсонова болест и 5.113 здрави индивидуи. По прилагодувањето на различните карактеристики било откри дека живеењето една милја (1,6 километри) од теренот за голф е поврзано со 126% зголемен ризик од развој на Паркинсонова болест, во споредба со оние што живеат на повеќе од 10 километри.
Споредбите покажале дека двојно позагрозени се луѓето што живеат во областите што се снабдуваат со вода од извори близу до тревници за голф.
Ова не е прва студија која ја поврзува Паркинсоновата болест со пестициди. Ова е само уште еден доказ дека не е зголемен ризикот само кај фармерите, туку и кај луѓето во приградски области, само поради околината во која живеат, вели докторот Реј Дорси, невролог и директор на Центарот за мозок и истражување во Њујорк.
За Паркинсоновата болест нема ни лек ни третмани што можат да ја забават нејзината прогресија. Иако сè уште не е целосно утврдено што ја предизвикува болеста, истражувања сугерираат дека таа е резултат на комбинација на генетски и еколошки фактори.
Веројатно е совршена бура. Има гени кои потенцијално ја поттикнуваат Паркинсоновата болест, ако луѓето се во одредена средина, објаснува докторката Карен Ли, извршен директор на Паркинсон Канада.
******
Види и: Паркинсоновата болест е создадена од човекот