Протеинските чоколатца се пола бадијала

На популарните протеински плочки се гледа како на брз и ефикасен начин да се внесат толку посакуваните протеини потребни за енергија, мускули и слично. Не е сè така идеално. Испитале преку илјада разни видови протеински плочки. Дури и оние кои не мамат за количината протеини кои ја содржат, орагнизмот не може ни половина од тоа да искористи.

Физички активни луѓе треба да консумираат од 1,2 до два грама протеини на килограм од својата телесна тежина, за да се овозможи изградба на мускули.

Протеинските чоколатца изгледаат како брзо и ефикасно решение за тоа. Наместо да вариш кокошка (кило кокошка се околу 140 грама протеини), побрзо е да се земат неколку штангли (кои имаат по 20-25 грама протеини).

Меѓутоа, биле испитани 1.641 протеински плочки и имало голема разлика меѓу нив.

Настрана оние што генерално лажат колку протеини имаат, кај 81 проценти од оние кои реално имаат високи количини (над 20 грама протеини), нивната искористивост е помала од половина, поточно имаат само 47% дигестивност.

„Ниските бројки најверојатно се должат на примена на протеини со понизок нутритивен квалитет (како што е колагенот) и на други состојки како што се јаглехидратите, мастите и влакната, што можат да ја влошат биолошката достапност на есенцијалните аминокиселини“, се наведува во студијата.

27 мај 2025 - 09:05