Вести

Лажно пријавуваат азиланти за татковци за да останат во Британија

Банди вршат притисок врз самохрани мајки со британско државјанство или им нудат пари за да пријават баратели на азил како татковци на нивните деца во матичната книга на родени. Татковство не им обезбедува на мигрантите право на престој во земјата, но ги зајакнува нивните барања. Службениците обично не ги проверуваат апликациите за да заштедат пари и време.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Речник

Мерц одбива да го прифати крајот

По катастрофалниот пораз на конзервативците на регионалните избори во Германија, канцеларот Мерц се противи на промената на курсот. Ја игра улогата на боксер кој упорно се крева од подот, убеден дека може да го зададе решавачкиот удар во последната рунда. Но, политиката не е холивудски филм со загарантиран среќен крај. Напротив.

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

Емиратите ќе пишуваат закони со вештачка интелигенција

Обединетите Арапски Емирати ќе станат првата држава во светот што ќе се потпира на вештачка интелигенција за пишување нови федерални и локални закони како и за преглед и измени на постојното законодавство и други процедури. Веќе осум години тие имаат и министер за вештачка интелигенција.

Големи разлики помеѓу американскиот и европскиот план за мир во Украина

Европски и украински функционери ги претставиле своите забелешки на американскиот план за крај на војната во Украина. САД објавија дека нивниот план е конечен. Европскиот документ инсистира на отстапки за територијалната поделба, безбедносните гаранции за Украина и за укинувањето на санкциите за Русија. Ројтерс ги пренесува текстовите на двата документи во целост.

Папа на распродажба

Веднаш штом почина папата Франциско на онлајн продавниците се појавија едно чудо нови сувенири со неговиот лик и потпис, од куклички на кои им се ниша главата до разгледници. Медиумското покривање за животот на папата и сè што се случува по неговата смрт ја крена цената на некои сувенири до илјадници долари. Бизнисот на уличните тезги низ Рим е зголемен за 20%.

Германската медицина имала дијагноза за Медитеранци и Турци

Германски лекари пред половина век дијагностицирале мистериозен „morbus mediterraneus“ - болест од која страдале работниците што дошле од медитеранските земји. Имало и дијагноза „морбус босфор“ за гастарбајтери од Турција, како и неофицијален синдром „мама-миа“ за Италијанци што бараат боледување. Последици од судирот на култури се чувствуваат и денес по клиниките.

Епл ги сели фабриките за ајфони од Кина во Индија

За да ја избегне штетата од трговската војна што Доналд Трамп му ја објави на Пекинг, Епл планира целото производство на ајфони од Кина да го префрли во погони во Индија. Би се избегнале претерано високи царини, а работната сила ќе остане евтина. Но, тоа ќе значи збогување со децениски инвестиции и нов макотрпен процес на обука на работници и градење погони.

САД ќе копаат руди од морските длабочини

Претседателот Доналд Трамп нареди копање руди од дното на морињата и океаните, не само во територијалните води на САД. Целта е да се надмине зависноста од увоз на критични минерали, и да се зајакне економијата со стотици милијарди долари и нови работни места. Денес полесно е да се стигне до Марс отколку до дното на океаните, но веднаш скокнаа акциите на рударски компании.

Понапредната вештачка интелигенција повеќе халуцинира

Опен АИ неодамна ги лансираше новите модели со вештачка интелигенција „о3“ и „о4-мини“ како ремек дела во многу технолошки аспекти, но се покажаа како далеку од совршени. Капацитетите за пресметка и расудувањето им се кренати на повисоко ниво, но ја наследиле старата болка што се влече од првите четботови. Халуцинираат, и тоа многу повеќе од старите „неразумни“ модели.

Пола од грчките смртни случаи од ковид не биле од ковид

Анализа на смртни случаи во атински болници во 2022 година покажала дека имало речиси двојно повеќе запишани отколку реални смртни случаи од ковид. Коронавирусот го запишувале како причина за смртта кај сите пациенти со позитивен ПЦР тест, дури и ако немале никакви симптоми. Доктори сметаат дека грешната евиденција била правена намерно, за да се прошири страв во јавноста.

Златниот орел нема да ги преживее ветерниците

Речиаси за половина е скокната смртноста на златните орли во Америка а мапите покажуваат дека тие најчесто гинат кадешто се најгусти инвестициите за електрична енергија добиена од ветар. Иако „нето нула“ хистеријата е на пауза после Трамп, за орлите нема добри вести. Допрва ќе се градат ветерници чии перки стануваат големи речиси колку Ајфеловата кула.

Ќе ни го затемнат Сонцето „за наше добро“

За неколку недели се очекува да бидат одобрени првите проекти за затемнување на сонцето за да се прават сенки кои теоретски би можеле да го намалат затоплувањето на планетата. Геоинженерски експерименти на отворено ќе создаваат вештачки облаци или ќе им ја зголемуваат рефлексијата на природните. Никој нема поим дали тоа е возможно и какви би биле последиците.

Што всушност се криe за мРНК вакцините?

Германски и европски надлежни институции со години не даваат одговори за тестирања на мРНК вакцините, иако податоци одамна се протечени во јавноста. Освен што со ваков молк се губи довербата во надлежните, криењето податоци создава впечаток дека стандардите за безбедноста можеби не се толку високи колку што е неопходно за дозирани лекови што масовно се користат кај здрави луѓе.

„Нето нулата“ е новиот Брегзит

Најџел Фараж има посебна вештина да ги идентификува прашањата што се важни за обичните луѓе, а биле заобиколени или отфрлени од оние што се убедени дека знаат подобро. Укажуваше на слободното движење и мигрантите долго време пред неговите ривали да ја сфатат вистинската важност. Би била голема грешка да се игнорираат неговите коментари за нето нула емисиите на гасови.

Запознајте ги екосексуалците: Општат со дрвја за да ја спасат планетата

Од сите грди последици на карантините од пандемијата, можеби најбизарните се тоа што некои очајни луѓе ги искористија како згодна прилика за да имаат секс со дрвја. Денешните зелени екосексуалци организираат глобални конференции и водат сериозни етички дебати за тоа дали е неопходно да се добие согласност од дрвото пред да се прегрне. И сето тоа некој го поддржува и го финансира.

Меѓу два карантина, Фаучи го дуплирал своето богатство

Докторот Ентони Фаучи го удвоил своето богатство токму во периодот на драконските карантини  што ги наметна поради пандемијата на ковид-19. Во детален финансиски извештај на групата Отворете ги книгите се тврди дека Фаучи од хонорари, говори и автобиографијата заработил над 7 милиони долари, додека низ Америка се затвораа работни места и осиромашија милиони граѓани.

Американските деца нема да мора да се вакцинираат за ковид

Министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор ја разгледува можноста за отстранување на вакцината за ковид-19 од задолжителната листа за препорачана имунизација на деца. Кенеди вели дека нема потреба деца да примаат вакцина чија безбедност е оспорена и цитира студии што покажуваат дека здравите деца се соочуваат со исклучително низок ризик од смрт од ковид.

Сенатор бара нова истрага за 9/11

Републикански сенатор бара Конгресот да отвори нова истрага за терористичкиот напад врз САД на 11 септември 2001 година, за да се проверат тврдењата дека една од кулите на Светскиот трговски центар се урнала од експлозив, а не од ударите на патничките авиони. За Вашингтон, нападите од 9/11 се затворена приказна, а сè друго од официјалната верзија се отфрла како теорија на заговор.

Свиркач проговори за транс-култот во НСА

Откако беше откриен таен канал за дискусии во НСА, на кој се разменувале мислења за операции на гениталиите, транс-фетиши и сексуални активности, директорката за националното разузнавање Тулси Габард побара од разузнавачките агенции да ги пронајдат и да ги отпуштат учесниците. Инсајдер тврди дека сексуалните разговори биле само врв од идеолошката санта мраз во НСА.

Севернокорејците не ви ги јадат кучињата

Пред неполна година американскиот претседател Трамп ги повикуваше жителите на Спрингфилд во Охајо да си ги приберат домашните миленици за да не ги изеде некој мигрант од Хаити. Во слична паника сега се Русите од Владивосток на спротивната страна на светот откако по социјални мрежи се проширија гласини дека снемува многу кучиња, а по градилиштата се множат мигранти.

Учтивите „благодарам“ и „молам“ го чинат Опен АИ милиони долари

Директорот на Опен АИ, Сем Алтман, ги повикува корисниците да бидат подрски со Чет ГПТ, бидејќи сите учтивости во комуникацијата со виртуелниот соговорник ја чинат компанијата десетици милиони долари во потрошена струја. Самиот е виновен за сметката. На четботовите им вградија толку многу хумани карактеристики, што човек повеќе не може, а да не им се заблагодари.

Кенеди ги брише вештачките бои од храната

Од сите здравствени реформи што ги најави министерот за здравство на САД, оваа се чини најмалку спорна: отстранување на синтетичките бои од храната. Кенеди тврди дека вештачките бои се одговорни за хиперактивност и други проблеми во однесувањето кај децата. Некои сојузни држави веќе укинуваат адитиви, иако регулативата им дава право на прехранбените компании да ги користат.

Бескрајната игранка меѓу протекционизмот и слободната трговија

Со векови трае битката меѓу два економски концепта: протекционизмот на домашното производство и слободната трговија. Резултатите од досегашните епизоди на таа битка не се еднозначни. Демократијата е таква што сака евтини производи што ги овозможува слободната трговија но истовремено и таква што ќе ги заштити домашните производители кога тие се доволно бројни и битни.

Работно место: Папа

Поглаварот на Католичката црква има многу должности и овластувања. Сметан за наследник на Свети Петар, на кого Христос му ја доверил мисијата за управување со Црквата, папата е духовен водач на повеќе од 1,4 милијарда католици ширум светот. Неговата главна улога е да ја зачува и поучува христијанската вера, да ги толкува евангелијата и да го обезбеди единството на Црквата.

Мистеријата на Хорхе Марио Бергољо

Папата Франциско веројатно беше најнеобичниот човек што некогаш седнал на престолот на Свети Петар. Меѓу неговите 265 претходници некои биле неефикасни, други остроумни; имало и злобни и светци; некои многу сакани, други презирани. Но, Хорхе Марио Бергољо беше единствен - во талентот за манипулирање со светското мислење и во извонредната вештина за деструкција.

Почина папата Франциско

Папата Франциско, првиот поглавар на Римокатоличката црква од Латинска Америка, почина денеска на возраст од 88 години. „Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на Светиот Отец Франциско“, објави кардиналот Кевин Фарел. Папата во изминатите два месеци страдаше од пневмонија, но имаше сили да се појави на велигденските свечености.