
Авторот на истражувањето, израелскиот научник Тамир Сорек, оценува дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година „само ги ослободил демоните што биле негувани со децении во медиумите и правните и образовните системи“.
Поддршката за геноцид и етничко чистење била поизразена кај порелигиозните и помладите еврејски Израелци.
Ционизмот, покрај тоа што е национално движење, е и движење на доселеници, кои се стремат да го раселат локалното население. Желбата за апсолутна и трајна безбедност може да доведе до аспирации за елиминирање на населението што се спротивставува. Затоа, практично секој проект за населување има потенцијал за етничко чистење и геноцид, како што навистина се случи во Северна Америка во 17-ти до 19-ти век или во Намибија во раните 1900-ти, укажува професорот.
Во случајот на Израел, тој заклучува дека повиците за геноцид се префрлиле од маргините кон меинстримот, особено откако премиерот Бенјамин Нетанјаху побара поддршка од радикалните групи за да формира влада. Безалел Смотрич, екстремниот милитант во кабинетот за безбедност, тврди дека е „оправдано и морално“ да се изгладнат до смрт сите 2,1 милиони Палестинци во Појасот.
Анкетата покажува дека 56% од израелските Евреи, сакаат да бидат протерани сите ниви палестински сограѓани, не само од Газа. Околу 21% од граѓаните на Израел се Палестинци, но немаат ист третман.
Од друга страна, поранешниот премиер Ехуд Олмерт признава дека грешел кога во почетокот ја поддржувал воената операција против Хамас во Газа. Денес признава дека Израел е одговорен за воени злосторства.
Она што го правиме во Газа е војна на истребување: неселективно, неограничено, сурово и криминално убивање цивили. Ова е резултат на политика диктирана од владата, свесно, намерно, злобно, злонамерно и безгрижно, напиша Олмерт во колумна во Хаарец.