Потврдено: „Шампионката“ Келиф е маж

Конечно се објавени резултатите од секс-тестот на Имане Келиф: алжирскиот боксер не може да биде олимписка „шампионка“, затоа што е биолошки маж. Женската категорија во спортот не случајно е ограничена за жени или девојки. Ако се дозволи да се борат со маж што решил да се идентификува како жена, не само што се повредува спортскиот дух, туку се ризикуваат и сериозни повреди.

Меѓународниот олимписки комитет лани ги оспори медицинските извештаи и му ја призна титулата на Келиф, иако цела година претходно ИОК имал документ дека тој не може да се натпреварува во женска категорија. Уште во март 2023 година, 17 месеци пред Олимписките игри во Париз, анализата на хромозомите на Келиф покажале кариотип на маж. Тестирањето било извршено во лабораторија во Њу Делхи, потврдено од Американскиот колеџ на патолози и сертифицирано од Меѓународната организација за стандардизација.

Меѓународниот олипмписки комитет на тензичната прес конференција на Игрите во Париз ги отфрли резултатите како „нелегитимни“. Претседателот на ИОК, Томас Бах, тврдеше дека тестирањето е дел од „руска кампања за ширење дезинформации“, како реакција на исфрлањето на руските спортисти од натпреварувањата.

Ако Келиф сака да продолжи да боксува, тој ќе мора да влезе во ринг со мажи. Ворлд боксинг во петокот воведе задолжително тестирање на полот за да може да се раздвојат мажите и жените во посебни категории. Институцијата која го регулира боксот на аматерско ниво, посебно ја извести Алжирската федерација дека Келиф ќе мора да се тестира ако сака да се натпреварува на кој било настан, вклучувајќи ги ги Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Задолжителниот тест е дел од новата политика за пол, возраст и тежина за да се гарантира безбедноста на сите спортисти и да се обезбеди рамноправно компетитивно ниво за мажи и за жени. Сите боксери со наполнети 18 години ќе мора да поминат генетски тест ПЦР, за да се утврди нивниот пол при раѓањето. Во машка категорија ќе може да се натпреваруваат оние родени како мажи, што се докажува со присуството на генот SRY.

*****
Види и: ИБА: Не можам да ви кажам дали е родена како жена, медицинскиот резултат вели дека е маж

2 јуни 2025 - 10:33