
Сите неодамнешни предвидувања за глобална климатска катастрофа се покажаа лажни, а ќе бидат и идните, вели професорот Линдзен, автор на речиси 250 научни трудови за ефектот на стаклена градина и други сложени аспекти на климатските промени.
Ќе помине 2030 година. Ќе помине 2050 година. Ќе поминат 50 години. Нема да има климатска катастрофа, вели тој.
Професорот објаснува дека ако светот навистина ја достигне целта за „нето-нула“ емисии на јаглерод диоксид до 2050 година, ќе се избегне една десетина од степенот на затоплување по цена од веројатно десетици билиони долари.
А кому му е грижа за една десетина од степенот на затоплување? Мене тоа не ми изгледа на добар пазар. До каде ќе оди населението велејќи дека ќе се жртвуваме за симболична промена, прашува Линдзен.
Во документите на ОН има различни секции, но само една има врска со науката, наведува професорот, кој лично придонесол за научните извештаи на Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени. Во научната секција не се укажува дека затоплувањето е голем проблем, туку се наведува дека е поверојатно да затопли отколку да залади. И дека можеби ќе биде неколку степени.
Никој во тие научни извештаи не вели дека ќе има екстремно време, или дека ќе има поплави или дека светот ќе заврши. Тоа го велат политичарите. И тие ги уредија извештаите на ОН да имате една секција за наука, а потоа имате многу други секции што не се наука, туку луди работи. И така им овозможува да кажат дека стотици научници работат на тоа, иако го нема во научната секција, објаснува професорот.
Во интервјуто за Freedom-research, Линдзен се осврнува на теми како што се ограничениот капацитет на CO2 да ја загрее планетата и неговата вистинска улога на Земјата.
ЦО2 ништо не може да го запре. Тоа е производ на секое согорување, вклучувајќи го и дишењето. Кога ќе го исчистите секое реално загадување, повторно ќе има ЦО2, објаснува почесниот професор на МИТ.