Вести

Лажно пријавуваат азиланти за татковци за да останат во Британија

Банди вршат притисок врз самохрани мајки со британско државјанство или им нудат пари за да пријават баратели на азил како татковци на нивните деца во матичната книга на родени. Татковство не им обезбедува на мигрантите право на престој во земјата, но ги зајакнува нивните барања. Службениците обично не ги проверуваат апликациите за да заштедат пари и време.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Речник

Мерц одбива да го прифати крајот

По катастрофалниот пораз на конзервативците на регионалните избори во Германија, канцеларот Мерц се противи на промената на курсот. Ја игра улогата на боксер кој упорно се крева од подот, убеден дека може да го зададе решавачкиот удар во последната рунда. Но, политиката не е холивудски филм со загарантиран среќен крај. Напротив.

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

Ќе го преживее ли Урсула судот на ЕУ?

Суд на ЕУ ќе пресуди дали шефицата на Европската комисија прекршила закони кога ги избришала СМС-пораките со кои од „Фајзер“ нарачала 1,8 милион дози вакцини против ковид. Правни експерти бараат посилна реакција против грубото кратење на правото на граѓаните да се информираат, бидејќи „кога ќе заврши мандатот на Урсула, од транспарентноста нема да остане ништо“.

Наместо да дишат кислород, бактерии создаваат струја

Бактерии како ешерихија коли генерираат струја додека дишат на специфичен начин. Тоа не значи дека утре ќе можеме да ги замениме енергетските централи со плантажи од бактерии, но специфичната способност придонесува за развој на биоелектронски сензори во средини без кислород, нови алатки за медицинска дијагностика, следење на загадувањето или мисии во вселената.

Не ми го кради ветерот

Ветер не може да се поседува, но очигледно може да се украде. Кога ветер ќе помине низ густо насадени турбини губи значителен дел од енергијата, поради што ветерниците поназад се вртат побавно и генерираат помалку струја. Во брзање да стаса до „нулта емисија“ на гасови, ЕУ заборава дека изградбата на плантажи на ветер чини многу пари, а никој инвеститор не сака да биде турбина од втор ред.

Сакате краток или точен одговор?

Системите за вештачката интелигенција повеќе грешат и даваат недоверливи одговори ако корисникот инсистира да добие краток и концизен одговор. Ако точноста на информациите ви е важна, не барајте премногу концизни одговори и оставете ѝ на вештачката интелигенција простор да го објасни контекст. Посебен проблем е што ако баш му запнете околу нешто на четботот, ќе ви попушти.

Тактиката со која италијанскиот фаворит не стана Папа

Пред кардиналите да се затворат за конклавата, фаворит за тазе папа беше Италијанецот Пјетро Паролин, искусен ватикански дипломат и најблизок соработник на покојниот Франциско. Но, веќе на вториот ден од конклавата станувало јасно дека 267-ми поглавар на Католичката црква со 1,4 милијарди верници ќе стане Американецот Превост. Противниците на Паролин имале тактика за гласањето, велат инсајдери.

На Романци и Дракула им е помил од Урсула

"Симион и Георгеску ти се исто. Број еден!"му рекол таксист на колумнистот на Unherd и поранешен воен репортер, Арис Русинос, во вообичаена такси анализа. Зборува за десничарскиот претседателски кандидат кој неодамна убедливо победи во првиот круг и оној кому претходно му ја поништија победата. Ваквата увереност на таксистот од Букурешт е токму она од што уплав имаат и Брисел и романските политички елити.   

Гугл гради уште три нуклеарки за да ја храни вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција за појадок јаде по еден мегават струја. За една единствена генерирана слика се троши енергија како за полнење смартфон до стотка. Центрите во кои се обработуваат податоците за ВИ сега трошат струја речиси колку цела Франција. Мајкрософт прв купи нуклеарна централа. Веднаш потоа и Гугл, но малку му е една, па сега потпиша договор за уште три.

Берни Сандерс се борел против олигархијата со приватен авион

Независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, потрошил над 221.000 долари за приватни авиони за време на неговата турнеја „Битка против олигархијата“. Сандерс го правда користењето приватни авиони бидејќи тие биле единствениот начин да стигне онаму каде што сакал да стигне. Пошто комерцијалните авиони честопати доцнеле а не е убаво да го чекаат.

Работничката класа доби моќен сојузник во Ватикан?

Ако по името папата се познава, работниците треба да се молат за долговечност на 69-годишниот Лео 14-ти. Тој дискретно најавува дека ќе ja продолжи мисијата на својот имењак од 19 век, кој кревал глас за угнетуваните и сиромашните во свет сличен на денешниот. Не само да ги благословува, како што правеше Франциско, туку и да ги брани од „богатите сопственици и сите господари“.

Големиот хадронски колајдер од олово прави злато

Современата технологија конечно го оствари сонот на средновековните алхемичари. Од олово е создадено злато, кое за жал нема да збогати никого освен физичарите и инженерите. Големиот хадронски колајдер на ЦЕРН треба да судира атомски честички на олово повеќе од 3.000 години за да ги создаде шесте грама злато колку што ги има во обичен прстен.

Бајден најми стратег да му го полира имиџот

Џо Бајден ангажира искусен стратег за кампања и комуникации за да помогне да се разубави неговото наследство во време кога многумина демократи бараат тој конечно да се симне од политичката сцена за да не прави уште поголема штета. Медиумскиот гуру треба да го спаси од гафовите снимени во интервју и од книга што говори за очајничките обиди да ја прикрие својата сенилност.

Каков ли е тоа таен подземен град од 21.000 милијарди долари?

Поранешна функционерка во администрацијата на Буш тврди дека САД изградиле подземни градови за десетици илјади милијарди долари тајно извлечени од буџетот. Нема одговор како е можно никој од армијата градежници да не каже ни збор за тоа. Но, факт е дека во САД уште од Студената војна цвета бизнисот за копање бункери, без оглед дали се луксузни или егзистенцијални.

Новиот папа е Лав: Во подзнак Американец, центрист и прагматичар

Изборот на кардиналот Превост, умерен прагматичар близок до Франциско, е показател дека кардиналите на конклавата барале стабилна рака што ќе ја води Католичката црква низ трнливите доктринални дебати што ги поттикна неговиот претходник. Неговиот избор на името Лео што означува „сила за време на криза“ покажува спремност за она што ја чека црквата во време на глобална нестабилност.

Војната во Кашмир го подели НАТО

Кина и Русија, стратегиските сојузници на Пакистан и на Индија, се воздржуваат од мешање во новата војна во Кашмир. Престрелката на соседите со нуклеарно оружје се одрази кај членките на НАТО. Мнозинството реагира неутрално, иако ѝ е наклонето на Индија, како важен пазар за продажба на оружје и воена опрема. Отскокнува Турција, која е поврзана со Пакистан по исламска линија.

Спремни ли сме за денот кога вештачката интелигенција ќе нè претица?

Директорот на DeepMind на Гугл, Демис Хасабис, не е сигурен дека сме. Упатени проценуваат дека тој ден ќе дојде следната деценија. Сем Алтман од Опен АИ пак, тврди дека тоа ќе се случи за само пет години. Хасабис вика дека ноќе не спие заради ова прашање. Не би спиеле ни ние ако баш се замислиме на проценките дека шансите да НЕ преживееме се 99,9 (и многу деветки потоа) проценти. Па затоа не се замислуваме.

Влезе Ал каеда во Елисејската палата

Францускиот претседател Макрон симболично вети поддршка за „новата“ Сирија, промовирајќи го ребрендирањето на нејзиниот лидер од озлогласен џихадист Абу Мухамед ал Џoлани во претседател Ахмед ал Шара. Командантот на група на Ал каеда по кого беа распишани потерници низ светот, си го промени борбеното име, но не и ќудот. Неговите сили во март масакрираа 1.700 луѓе.

Универзитетот Колумбија повика полиција да апси „блокадери“

Српските студенти речиси шест месеци ги блокираат тамошните факултети и универзитети во протест за паѓањето на  настрешницата во Нови Сад. Пропалестински активисти во Универзитетот Колумбија во Њујорк блокирале и вандализирале библиотека… Управата повика полиција, која ги расчистила активистите за помалку од шест часа. Меѓу нив не биле само студенти.

На 80-годишнината од победата над фашизмот

Пред осумдесет години на денешен ден, монструозната машинерија на Третиот Рајх конечно беше уништена во прашина. Свастиката беше откорната од Рајхстагот, логорите на смртта беа ослободени, а Европа - крвава, трауматизирана, но непотклекната - излезе од најтемната ноќ во историјата.

Вештачка интелигенција лесно може да разубеди човек

Група научници од Цирих со еден удар два пати надитриле кавгаџиски настроена заедница на Редит. Не само што во широка расправа скришно претставиле модели со вештачка интелигенција како да се луѓе, туку и прилично успешно им ги променувале ставовите на корисниците. Експерти го осудуваат тајниот експеримент како „најлошото прекршување на етиката во интернет-истражување“.

Светот со право стрепи од војната во Кашмир

Точно 14 дена по најсмртоносниот напад врз цивили во Кашмир во изминатите десет години, Индија го нападна Пакистан. Властите во Њу Делхи објавија дека воената операција Синдор е одмазда за убиството на 25 Индијци и еден Непалец. Соседите секоја деценија водат по една војна за Кашмир, но овој пат ситуацијата е посериозна, бидејќи има помалку разум а повеќе нуклеарно оружје.

Фантоми масовно крадат работни места

Нови духови ги опседнуваат компаниите. На оглас за вработување избираш кандидат со најдобро CV, правиш интервју преку камера и дури кога е предоцна сфаќаш дека човекот не постои. Си вработил бот, чија цел е да украде податоци од системот или да уфрли малициозен софтвер и да бара откуп за да го избрише. Вообичаен белег на ботовите е перфектно составено резиме. 

Робот крена рака врз луѓе

Двајца Кинези едвај спасија жива глава од хуманоиден робот што ненадејно и неконтролирано се размавта во халата во која бил изложен. Добрата вест е што никој не бил повреден. Лошата е очигледна од снимката што го обиколи светот и е крајно вознемирувачка. Мала грешка во кодот може од кроток робот да направи убиствена машина. А што ако некој намерно го програмира?

Виолетовата боја во Америка значи СТОП

САД се прочуени по заштита на светоста на приватниот имот па секое влегување во нечиј двор може да доведе до фатални последици ако сопственикот е а) напнат и б) има оружје. Заради тоа ги ставаат оние знаци за забрана за минување („No Trespassing“), за на сите да им биде јасно да се свртат и да заминат. Но, во речиси половина држави не ни ставаат знаци туку предупредуваат со боја.

Гасот од шпоретите е ризик за рак кај децата

Шпоретите на гас ослободуваат доволно големо ниво токсични гасови за да предизвикаат рак, покажува нова студија. Главниот виновник е бензенот, кој се создава со согорување на природен гас или пропан. Децата се двојно повеќе изложени на ризикот од возрасните. Добрата вест е што подобро вентилирање на домот, макар и отворен прозорец покрај шпоретот, го намалува ризикот.