Преку југ е побрзо

FlightRadar24 деновиве следеше интересна „трка“ на авиони кога, сосема случајно, два патнички авиона се упатија кон истата дестинација речиси истовремено, но по различни рути. Од Хелсинки до Токио. Едниот имал одбрано траекторија која била 457 километри подолга од оној другиот. Сепак, стигнал саат време порано. 

Авиопревозниците „Јапонија ерлајнс“ и „Финер“ неделава истовремено имале идентична задача; нивните патнички авиони полетале од Хелсинки до Токио со само две минути разлика.

Таква ситуација би била вообичаена доколку превозниците летале по ист пат, но овојпат не било така. Боингoт 777-300ER на Јапонците, од Хелсинки се упатил кон север, а две минути по него, „Ербас А350-900“ на „Финер“ полетал кон дестинацијата по јужна рута.

Заради геополитичката ситуација, вон игра била најкратката рута преку Русија, па авиопревозниците се решиле за алтернативни, временски непредвидливи патеки. 

На изборот на одредена рута влијаат доста фактори: перформансите на леталото, масата, ветровите, временските услови, сообраќајот, надоместоците за прелет и слично.

Иако „Финер“ прелетал 457 километри повеќе преку јужната рута, на крајот успеал да стигне до Токио речиси еден час порано од авионот на „Јапонија ерлајнс“ иако на почетокот, кладбите биле на страна на Јапонците.

Најзаслужни за победата биле ветровите на Црното море кој на Ербасот му дале поголема брзина од Боингот.

И двата авиона летале околу 4.000 километри повеќе од оптималното а на нивната најоддалечена точка, двата лета биле оддалечени приближно 6.380 километри.

 

18 јуни 2025 - 20:20