
Ваквата небулозна его-жалопојка на Нетанјаху предизвика и гнев и потсмев во тамошната и пошироката јавност.
Меѓутоа, истовремено ги потврди аргументите на неговите критичари дека премиерот е сè повеќе отсечен од секојдневните реалности на Израел и регионот, по повеќе од 17 години на власт.
Обидувајќи се да ги нагласи заедничките тешкотии на неговото семејство со обичните Израелци, Нетанјаху со еден черчилски тон кажа дека ова не е прв пат свадбата на неговиот син Авнер да треба да се одложи и дека свршеницата на Авнер е исто така разочарана, а да не ја спомнуваме и едвај-чека- да- стане- свекрва, жена му Сара.
„Навистина ова ме потсетува на британскиот народ за време на блицот. Ние поминуваме низ иста ситуација“, рече Нетанјаху, осврнувајќи се на военото нацистичко бомбардирање на Велика Британија во кое загинаа 43.000 цивили.
„Секој од нас сноси лична жртва а моето семејство не е исклучок“, рече Биби Нетанјаху, човекот од народот.
Анат Ангрест, чиј син Матан е држен како заложник од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, забележа дека страдањето „не поминало незабележано ниту од нејзиното семејство“.
„Јас сум во пеколните темници на Газа веќе 622 дена“, пиша таа на Икс.
X. Гилад Карив, член на Кнесетот од редовите на демократите, го опиша Нетанјаху како „безграничен нарцис“.