Марк Руте, генерален секретар и увлакач

Кратко пред заминувањето на самитот на НАТО што започнува во Хаг,  американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social приватни СМС-пораки и честитки што генералниот секретар на НАТО Марк Руте му ги испратил после воздушните напади врз Иран. Непријатно за читање. Ќе си речеш јаки фаци, јаки позиции. А оно, супозиториј.

Фото: ЕПА

Во долга порака полна со пофалби и комплименти, Руте му честита на Трамп за „решителната акција“ и му вели дека „тој постигнал нешто што ниту еден американски претседател со деецении не успеал да постигне“.

"Господине Претседателе, драг Доналде, честитки и благодарност за вашата решителна акција во Иран, беше навистина извонредна, нешто што никој друг не се осмелуваше да го направи. Тоа сите нас нè прави побезбедни.

Вечерва во Хаг ќе одлетате кон уште еден голем успех. Не беш лесно но сите ги наговоривме да потпишат за пет посто. Доналде, нè доведовте до навистина важен момент за Америка, Европа и светот. Ќе постигнете нешто што НИЕДЕН американски претседател со децении не успеал да постигне.

Европа ќе плати ГОЛЕМА цена, како и што треба, и тоа ќе биде ваша победа.

Среќен пат и се гледаме на вечерата на неговото Височество.
Марк Руте

Од НАТО стигнала потврда дека пораката е автентична но не прецизираа дали Руте планирал и јавноста да дознае за неговите ласкања и додворувања до Трамп. Подоцна самиот Руте кажа дека нема проблем со тоа. Е не, оти па срам ќе го фати.

Туку, ќе видиме ли сега и порака на Шеќеринска до Руте во која го фали својот шеф за извонредната и решителна порака до Трамп со која постигнал нешто што ниеден генерален секретар на НАТО не успеал со децении: до толку бесрамно да му се увлекува на американски претседател. 

**********

Види и:

Вежи НАТО где ти газда каже

Работи што не се кажуваат: НАТО е клинички мртов

Американска перспектива: Чуму ни е НАТО?

25 јуни 2025 - 11:10