Тумор маркери три години пред симптомите

Ново истражување од Универзитетот Џонс Хопкинс откри дека туморите тивко ослободуваат генетски материјал во крвотокот и до три години пред да се појават клиничките симптоми. Откритието, објавено во списанието „Cancer Discovery“, сугерира дека мутациите поврзани со ракот можат да се откријат во примероци од крв многу порано отколку што претходно се сметаше дека е можно.

Луѓето од истражувачкиот тим и самите биле изненадени колку рано можеле да детектираат мутации поврзани со рак во примероците од крв.

Три години порано, кога туморите се помалку напреднати и полесни за третман обезбедува доволно време за интервенција. Студијата анализирала примероци од плазма собрани за друга студија која ги истражувала факторите на ризик за срцеви заболувања. Се користеле прецизни и чувствителни техники на секвенционирање за да се анализираат примероци од крв од 26 учесници на кои им бил дијагностициран рак шест месеци од собирањето примероци, и 26 слични учесници на кои не им бил дијагностициран рак.

Осум од 52 учесници биле позитивни на лабораторискиот тест за рано откривање на повеќе видови рак во времето кога е земен примерокот од крв, а кај сите им е дијагностициран рак во рок од четири месеци од земањето крв. Кај шест од тие осум лица, истражувачите можеле да евалуираат дополнителни примероци од крв собрани 3,1 до 3,5 години пред дијагнозата, а во четири од тие случаи, мутации добиени од тумор биле идентификувани и во примероци земени уште порано.

Студијата навестува потенцијално ветувачки резултати во многу рано откривање на ракот, кога веројатноста за успех би била многу поповолна.

19 јуни 2025 - 19:29