
Според Прегледот на светската популација за 2025 година, трите најомразени земји во светот се Кина, САД и Русија, по тој редослед. Причини за одбивноста кон овие земји се авторитарните режими, кршењата на човековите права и нивната улога во конфликтите и регионалните тензии.
Многу граѓани на секоја од овие земји често имаат лошо мислење за другите две, а сите три нации се познати по мешањето во економските, политичките и воените работи на помалите земји, што предизвикува дополнителна одбивност, се вели во извештајот.
Во случајот на Кина, според World Population Review, доминираат глобални критики поради авторитарниот режим, наводните „работни логори“ и фабрики, загадувањето на животната средина, задушувањето на автономијата на Хонг Конг и заканите за Тајван. Русија е опишана како агресор, првенствено поради инвазијата на Украина, но и поради ограничувањата на основните граѓански права и демократијата.
САД, кои се сметаат за глобален „чувар на демократијата“ се омразени поради груби мешања во меѓународни настани заради одбрана на своите интереси. Дополнителни фактори за негативната перцепција на САД се „склоноста кон оружјето“ и ширењето на културата на брза храна, се наведува во извештајот.
Меѓу десетте најомразени земји се и Северна Кореја, Пакистан, Иран, Ирак, Сирија и Индија.
Израел е дури на петтото место на листата, наспроти безмилосната воена операција во Газа, интервенцијата во Либан и војната со Иран.
Независна анализа на центарот Пју покажува дека негативно мислење за Израел доминира во 20 од 24 земји опфатени со истражувањето. Најомразен е во Турција, каде што 93% од испитаниците имаат негативно мислење. Дури и во најголемиот сојузник – САД, негативен став за Израел имаат 53% . На Израел позитивно гледаат само мнозинството во Нигерија и во Индија.