ТВ сапуници биле користени за да се засакаат вакцините

Документи откриваат дека за време на пандемијата, британските власти имале тајни контакти со шефовите на тамошните телевизии за да им предложат во нивните популарни ТВ серии да бидат вметнувани про-вакцинални ставови и реплики бидејќи тоа се платформи кои се корисни за обликување на јавното мислење. Не е првпат да се дознава за вакви политичко-медиумски шеми кои се правеле зад сцената во време на ковидот.

Нови документи добиени согласно законот за пристап до информации наведуваат дека британската влада тајно користела популарни ТВ сапуници како „EastEnders“ и „Coronation Street“ за да ги промовира вакцините за време на пандемијата.

Ова покренува прашања за тоа колку влијание, под маската на јавното здравје, има државата врз британските медиуми и колку далеку се подготвени да се оди за да се менаџира јавното мислење, размислување и однесување, пишува Џон Флитвуд.

Ваквите наоди потсетуваат на откритијата од мај 2021 година дека научниците од советодавниот комитет за однесување на британската влада признаa дека користеле „тоталитарни“ тактики засновани на страв за контрола на јавното однесување за време на ковидот.

Последнава епизода се надоврзува и на истрагата на Претставничкиот дом на САД од октомври 2024 година, која откри дека Центарот за контрола и превенција на болести и администрацијата на Бајден терале ковид кампања вредна 900 милиони долари за „манипулирање со Американците“ со „длабоко погрешни“ пораки, „претерани ветувања без докази“ за вакцините и финансирање на големите технолошки компании за следење и мониторинг на Американците.

Британски министри се сретнале со телевизиските шефови за време на пандемијата за да ги убедат да промовираат провакцинални приказни во сапуници како што се  EastEnders и Coronation Street, објави Телеграф. Проектот го воделo министерството за култура, медиуми и спорт кое одржало тајни состаноци со ITV, BBC, Channel 4 и други за да ги координира „програмите за национално единство“. 

Редактираните записи покажуваат дека првите контакти за тестирање на можноста за вметнување пораки за вакцинирање се случиле еден месец пред карантините. 

Во епизода од 2021 година на EastEnders, еден од ликовите вика дека се чувствувал како да „добил на лотарија“ откако ја примил втората доза.

23 јуни 2025 - 14:11