Отровите во пластиката ја менуваат рибата

Идејата со рециклирање се чини добар и ефикасен начин да го ублажиме глобалниот проблем со загадување од пластика. Притоа, има тука сериозен проблем. Повеќекратното користење пластика може да значи и повеќекратно изложување на отровите и хемикалиите кои биле во пластиката што се рециклирала. А нив ретко кој ги пријавува.   

Кризата со загадувањето со пластика достигна глобални нивоа, загрозувајќи го и планетарното и човечкото здравје, а рециклирањето се предлага како едно од решенијата за кризата со загадувањето со пластика. Сепак, бидејќи пластиката содржи илјадници хемиски адитиви и други супстанции кои можат да бидат токсични, а тие речиси никогаш не се декларираат, опасните хемикалии можат неселективно да завршат во рециклирани производи.

Една пелета рециклирана пластика може да содржи над 80 различни хемикалии. 

Во нова студија, истражувачите купиле пелети од рециклирана полиетиленска пластика од различни делови на светот и ги оставиле пелетите да се потопуваат во вода 48 часа. Потоа, ларви од „риба-зебра“ биле во таа вода пет дена.

Кратко, но сосема доволно да се забележат промени во нивниот метаболизам и ендокрината регулација.

„Влијанијата што ги измеривме покажуваат дека овие изложености имаат потенцијал да ја променат физиологијата и здравјето на рибата, велат истражувачите.“

Претходни истражувања покажаа слични ефекти кај луѓето, вклучувајќи ризици за репродуктивното здравје, хормонално пореметување, дебелина и дијабетес, сето тоа поради изложеност на токсични хемикалии во пластиката. 

„Тоа е главниот проблем во идејата за рециклирање на пластика. Никогаш немаме целосен увид кои хемикалии ќе завршат во предмет направен од рециклирана пластика“, вели Бетани Карни Алмрот, професорка на Универзитетот во Гетеборг и главен истражувач во проектот.

24 јуни 2025 - 14:15