
Првичната проценка на американските разузнавачки служби покажалa дека американските воени напади врз три нуклеарни постројки на Иран минатата недела не ги уништиле основните компоненти на нуклеарната програма на Техеран и веројатно само ја вратиле назад за неколку месеци.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ја демантираше ваквата проценка иако зад неа стојат информирани лица.
„Протекувањето на оваа наводна проценка е јасен обид да се понижи претседателот Трамп и да се дискредитираат храбрите борбени пилоти кои спроведоа совршено извршена мисија за уништување на нуклеарната програма на Иран“, додаде Ливит. „Секој знае што се случува кога ќе фрлите четиринаесет бомби од по 13 тони: целосно уништување.“
Дека целите се уништени тврдеше и Доналд Трамп веднаш по нападот кој го прогласи за импресивен воен успех. Додуша, отпосле и Израел рокаше ракети врз главната локација Фордоу.
Иран соопшти дека ги испразнил локациите Натанц и Исфахан и навреме го тргнал нуклеарниот материјал а Меѓународната агенција за атомска енергија порача дека не е забележана зголемена радијација после нападите.