Вести

Русија не сака војна со Европа

Москва нема за цел да ја тестира отпорноста на НАТО, туку да ѝ наметне трошоци на Европа, онака како што оваа прокси војна во Украина ја чини неа. Многумина во Европа гледаат на дијалогот со Москва како награда. Но, ниту Европа ниту Русија не можат да си дозволат повеќе војна во моментов.

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Речник

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

4 месеци Њујорк Тајмс сардисан од хакери

Кинески хакери цели 4 месеци биле влезени во системот на Њујорк Тајмс и во овој период успеале да ги соберат сите пасворди на секој можен новинар на весникот. Нападот почнал на 13-ти септември во исто време кога Њујорк Тајмс го објави извештајот за имотот на кинескиот премиер.

Buy day - sell

Или на нашки "купи ден - продај", е основната животна стратегија за огромен број Американци бидејќи не успеваат да тргнат ништо на страна за црни денови. Денес да изгубат работа, 44 проценти од Американците не би издржале следните три месеци.

Како Војна на Ѕвездите го навлече Џеј Џеј Абрамс

Уште од моментот кога ги купи правата за Војна на ѕвездите Дизни се стави во потрага по режисер. Еден од првите режисери кој уште тогаш изјави дека дефинитивно нема да го режира филмот беше Џеј Џеј Абрамс. Како што знаете, Џеј Џеј Абрамс ќе биде режисер на новото продолжение на Војна на Ѕвездите.

Кој е газда на твојот мобилен

Иако купувањето на мобилен телефон е прилично слично како и купување на видеорекордер или тастатура, сепак неговата сопственост е прилично покомплицирано прашање. Барем во САД. Барем сега за сега.

Механизираните џелати на Иран

Само затоа што во Иран се уште важат прастари закони од типот сечење прсти или рака како казна за кражби, тоа не значи и дека употребуваат и прастари алати за спроведување на казните. Целата работа е комплетно машинска.

Зимбабве има уште 217 долари

Откако минатата недела им ги исплати платите на вработените во администрацијата, Зимбабве на сметка во банка има само уште 217 долари.

Првиот пат ви трае цел живот

Начинот на кој што луѓето ја губат својата невиност го формира целиот нивен понатамошен сексуален живот. Во основа гледајте прв пат да не биде лошо. И ова исто важи и за мажи и за жени.

А во градот дупка

Неколку згради и дуќани во кинескиот град Гуангџоу, пропаднаа во земја, откако под нив буквално се отворила дупка.

Луѓето се чума на Земјата

Тргнувајќи од една филозофија според која луѓето во основа не треба да ја спасуваат планетата, туку треба да гледаат себе си да се спасат, бидејќи Земјата како и да е ќе продолжи да постои, Атенбороу порача - ние сме чумата на Земјата.

Жените имаат плеќи за да ја носат армијата на САД

Во целата дебата во САД околу директното учествувањето на жените во воените судири, едно од главните прашања беше дали жена има доволно сила за да крене маж и да го спаси доколку е ранет. Прво може, второ и ова да ти било некаков фетиш.

Тактиката на Викторија

Victoria's Secret успева годишно да им продаде еден тон долна облека на жените, и тоа го прави исклучиво со помош на манекенки на кои жените некако не се љубоморни.

Телефон за вашиот смартфон

HTC направи мини мобилен телефон, кој ги има најосновните функции и ќе служи исклучиво како додаток за нивниот најнов модел на смартфон 5-инчниот Butterfly.

Каде се, што прават?

Kаде се денес девојките кои во 80-тите години, на машката популација од поранешна Југославија им правеа лиги како Вардар а она останатото како Триглав. 

Да ти се одјаде до крај на живот

Жилет во кроасан, метален федер во јогурт и црви во јагоди прекриени со чоколадо, се само дел од одвратните работи што потрошувачите низ Нов Зеланд ги пријавиле во втората половина на 2012.

Како изгледа одмрзнување на зграда

Компанија што поседува ладилница на 10 спратови, пропаѓа и ја затвора ладилницата. Сепак ладењето продолжува уште некое време да работи без никој да го чисти мразот. Неколку години подоцна други ја купуваат зградата за да прават канцеларии во неа.

Британија со негативна кампања против Британија

Со масовна кампања која треба да се одвива во Бугарија и Романија, во која ќе се рекламираат недостатоците и слабите страни на Островот, Британците планираат да ги премислат легиите идни имигранти од овие земји.

Така се бранеше пивото

Чешкиот министер за здравство решил да го вразуми божествениот однос кој неговите сограѓани го имаат кон пивото. И јасно му е дека нема да успее.

Албанските деца што не смеат да излезат од дома

Се проценува дека најмалку 900 деца во Албанија не смеат да ја напуштат својата куќа заради опасноста дека ќе бидат убиени во крвна одмазда што нивното семејство ја должи.

Два пати гледај, еднаш регрутирај

По основа на спектакуларно лоша идеја, за да го спречат регрутирањето на геј мажи офицерите на руската армија добија наредба повеќе време да минуваат на физичкото прегледување на регрутите, посебно во пределот околу препоните.

Зошто Бил Гејтс мрази кеш

Не е дека мрази да носи готовина во себе, туку не ја сака готовината заради влијанието што го има врз "спротивниот крај на спектрумот на богатството" - сиромашните. Заради ова Гејтс решава да ја формира Better Than Cash алијансата.

Број два, трет пат

Америка може да му се радува на големиот успех во борбата против меѓународниот тероризам откако беше објавено дека е убиен вториот човек на Ал Каеда. Мал облак врз славеничката атмосфера може да биде информацијата дека истиот човек претходно го убија уште два пати.

Вирус кој гаѓа оддалеку

Американците веќе се престрашија од сезонскиот грип но сега имаат друга беља. Се вика норовирус. Не е толку смртоносен но затоа е спектакуларно одвратен.

Право на оштета заради немање интернет

Германскиот суд одлучи дека заради тоа што интернетот е "суштински" дел од животот на луѓето, интернет претплатниците имаат право да го тужат својот провајдер кога ќе снемаат интернет.

Радиодифузна такса за Ајпад

Откако шведската национална телевизија ги стави сите свои содржини (директно+архива) на интернет, некому му текна дека со ова и сите што имаат таблет уреди автоматски се квалификуваат да бидат претплатници за телевизија.