Со дополнувањето на американското законодавство, корисниците кои купиле мобилен на договор (значи биле повластени со цена, во замена за "верност") смеат физички да го чуваат мобилниот телефон и по завршувањето на договорот, меѓутоа немаат право да го користат како да е нивна комплетна сопственост.
Во текот на викендот во САД стана нелегално да се отклучува мобилниот (со што тој би бил можел да работи и на други мрежи освен на таа од каде што сте го купиле) без разлика дали уште сте под договор или тој е завршен.
Казната за ова е 500.000 долари и пет години затвор за оние што прв пат ќе го прекршат законот, и 1 милион долари и 10 години затвор за оние кои повеќе пати го имаат прекршено законот. Ова значи дека без разлика што сте го отплатиле телефонот преку вашиот договор, со него и понатаму не смеете да правите што сакате.