Британија со негативна кампања против Британија

Со масовна кампања која треба да се одвива во Бугарија и Романија, во која ќе се рекламираат недостатоците и слабите страни на Островот, Британците планираат да ги премислат легиите идни имигранти од овие земји.

Планот е рекламите да се фокусираат на сите негативни страни на животот во Британија, и со тоа да се намали потенцијалниот бран на имигранти што Британија го очекува следната година, кога истекува забранат за влегување во Британија за Романците и Бугарите.

Се уште не е сигурно како ќе изгледаат рекламите и дали во нив Британија ќе се преставува во најлошото можно светло или пак потенцијалните имигранти ќе се убедуваат дека многу повеќе за уживање има на Карпатите во Романија или на Црното море во Бугарија.

Освен рекламите, меѓу мерките што им ги подготвуваат на идните имигранти се и бркање од Британија доколку не најдат работа во рок од 3 месеци, или забранување на пристап до сите јавни услуги (социјално, здравство...).

Според Британците околу 29 милиони Романци и Бугари ќе го искористат кревањето на забраната за слободна работа во Унијата.

28 јануари 2013 - 10:10