Наделжните здравствени власти во САД сметаат дека сезонскиот грип веќе го минал својот врв а и свинскиот е под контрола. Но, затоа, од септември до сега се забележани 140 офанзиви на зимскиот норовирус кој во декември забележал 30 процентно зголемување.
Се работи за не толку опасен по живот но прилично заразен вирус кој тешко се контролира бидејќи може да живе надвор од човечкото тело долг период. Годишно заразува 21 милион Американци од кои 880 завршуваат трагично, но во споредба со другите, тоа е мала стапка на смртност.
Проблем е што норовирусот може да направи дури и најздравите домаќини да се чувствуваат мизерно. Главните симптоми се дехидратација, дијареа и спектакуларно експлозивни повраќања кои личат на сцена од филмот Егзорцист.
За илустрација на симптомите може да послужи "Vomiting Larry," медицинска кукла која се користи како нагледен материјал за студенти и лекари: