Да ти се одјаде до крај на живот

Жилет во кроасан, метален федер во јогурт и црви во јагоди прекриени со чоколадо, се само дел од одвратните работи што потрошувачите низ Нов Зеланд ги пријавиле во втората половина на 2012.

Освен ова било пријавено стакло во колачи од ориз, шраф во помфрит и отпушок од цигари во замрзнат зеленчук, стои во извештајот на Министерството за примарни индустрии (земјоделие, шумарство, риболов и безбеност на храната).

Годинава Мекдоналдс Нов Зеланд на 5-часа мораше да затвори околу 50 свои ресторани, откако беше најдено стакло во едно од лепчињата за бургер. Подоцна беше утврдено дека во близина на производната лента се скршила сијалица, која се распрскала низ лепчињата.

Меѓу останатите работи кои потрошувачите ги нашле во својата храна се:

- Метална жица во пилешко од KFC.

- Стакло во пита со зеленчук.

- Земја во пилешки сендвич.

- Бубачка во помфрит.

- Црви во сирење.

28 јануари 2013 - 12:33