Офицерите посебно ќе треба да ги прегледаат препоните и задникот на регрутите во потрага по тетоважи кои би ја навестиле нивната хомосексуална ориентација. Освен тоа тие ќе треба да ја раскажат својата сексуална историја, дали имаат девојка и дали е важно за нив таа да им биде верна.
Од LGBT заедницата на Русија објаснуваат дека не само што е глупо како концепт, туку тетоважите кои би упатувале на хомосексуалност се сосема ретки меѓу руската геј популација и дека нив ги имаат само оние кои биле во затвор, но и таму им биле истетовирани со сила.
"Ова е форма на деградирање на затвореникот, со што тој се присилува да стане пасивен хомосексуалец кој може да биде силуван. Најчести вакви тетоважи се жена околу која е преплетена змија или пар очи над задникот или пенисот... затворениците исто така можат да бидат тетовирани и со точки или 'белези на убавина' на челото, образите или горната усна (што означува некој што пасивно учествува во орален секс)," објаснува ко-уредникот на енциклопедијата на руски тетоважи, Дејмон Муреј.
Во веста што ја пренесува Известија, најголемиот дел од офицерите кои биле интервјуирани изјавиле дека баш и не планираат најпрецизно да ги следат новите правила.