Механизираните џелати на Иран

Само затоа што во Иран се уште важат прастари закони од типот сечење прсти или рака како казна за кражби, тоа не значи и дека употребуваат и прастари алати за спроведување на казните. Целата работа е комплетно машинска.

Иранската новинска агенција Фарс, објави неколку фотографии од отсекувањето на прстите на маж осуден за кражба.

 

 

Фотографиите се од 23-ти јануари и иако ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај, се смета дека тие се пуштени во јавноста како еден вид навремено предупредување за сите дисиденти и противници на режимот пред претстојните избори.

Ваквата математика е затоа што фотографиите се појавија во исто време со апсењето на дузина новинари во Техеран. Инаку, во јуни годинава во Иран закажани се претседателските избори, што значи уште еден судир меѓу радикалите и реформаторите.

(крајот на процесот го имате тука)

30 јануари 2013 - 11:28